виновен прид.

виновен (прид.)

И за тоа престапно поведение се прави сега виновна Русија, и тоа официјална Русија што немала ништо заедничко со нејзиниот народ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако сум виновна, тогаш убиј ме!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Ако си ти виновен, сврти го револверот во себе!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Сестра му ја осети работата и, чувствувајќи се виновна, гледаше да му ги ублажи болките и сама одеше кај татка си и го земаше Крлето оти сама ја страеше да лежи, бидејќи нејзиниот Трајко беше цело време на колибата, а дома немаше други жива душа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Бидејќи сите го сакаа и го сожалуваа Мирчета, рекоа дека тука бездруго ќе е виновен и Бошко.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Кога го напаѓаа него, се чувствуваа, вистина, повиновни, зашто не го послушаа советот на деда Гера.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ако ме разбравте што ви реков, сакам да одите кај него и да се смирите со него оти не да сте повиновни, туку зашто сте посилни – треба да бидете подобри.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Го ранија в грб, не в гради, зашто не беше свртен кон нив туку кон својот грев подаден пред него како мрачно предупредување дека е виновен.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
„Зошто?“ ја праша црната дупка на ножот. „Јас не бев виновен“.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Таквите слики не им беа пријатни и тие се чувствуваа некако виновни пред своите совести што ја напуштија верата и својот род, станаа предавници, заради удобен живот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ване замолча. Што можеше да прави? И така таа вечер Ване не отиде в кино. Виновна беше неговата “тешка болест“.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
И Веле во овој миг почувствува дека е виновен пред овој човек.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Го држеше челото на влажната трева и чувствуваше болка во очите, сува болка распрсната однатре. „Колку години имаш?“ ја праша додека земјината влага се впиваше во него и го гаснеше. „Осумнаесет“, му рече без злорадост и без виновност.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Велиш мајсторите, мајсторите се виновни - тие не ми даваат да одам напред.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Бараше во себе омраза за браќата Крловец, најде само чувство на своја виновност.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Дајреџијата свиваше раменици, не смеејќи да ја погледне жена си в очи, како да беше тој виновен што порано не го отепале кралот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Скоро ќе се врати мајка им и таа ќе им каже кој е виновен што им изгаснал огнот.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
После, пак ќе излезе виновен за сѐ само Луков.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
И во сматената свест буквите на Викторија се виткаа и тонеа во темната проѕирност на водата и морничавите усни, задушени од Анините гради, издивнуваат кратко, со призвук на каење и виновност. - Ана, Ана!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Виновниот знае да се чува. Ете, за права бога, го спикале него во затвор. За туѓа вина и за туѓи гревови.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Повеќе