возврат (м.)

Но за возврат татко му истури цел заграб снег врз него.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
За возврат, таа ми дава одредена сума да ми се најде и ми купува цигари.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Бидејќи се сметаат за сексуални објекти на општества со кои долго доминираше мажот, се сметаат за одговорни за судбината на мажот поради инцестот и копнежот меѓу членовите на семејството, што за возврат станува извор на сексуалната агресија на мажот. okno.mk | Margina #8-9 [1994] 189
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Всушност, философијата во нејзините матични форми ги одразуваше и продолжува да ги одразува машките грижи и искуства, кои за возврат беа определени од општествените, економските и политичките услови кои што се специфично историски.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Се смести кај неа и за возврат ѝ ја чуваше и негуваше пудлицата која веќе Марија не ја носеше во Пансионот и не плаќаше.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Податен на чинки исти недостоен паднат цар, моќ сенишна круни бистри податни на палав зар кон себе ги влече блиски плен понизен возврат- дар.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Со години веќе, тој има дадено постојана понуда дека секој што ќе му испрати по електронска пошта фотографија или автобиографски параграф напишан на рака и рачно адресирана коверта, за возврат ќе добие интерпретативен цртеж на сопствената џива.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Јас за возврат за убавото јадење, во слободното време ѝ везев додека таа си играше пет камења, царица или клисар.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Јас за возврат целата љубов што ја имав во себе ќе му ја подарев.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Авторот го поздрави прилично гласно и наметливо, а за возврат Едо бразничанецот само промламушти нешто „под мустакот“ што требаше да значи отпоздравување.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Летка понекогаш, летно време, го посетуваше во неговото родно село во Преспа; последниот пат дојде заедно со Стефанос кој освен што има спортски манири знае за возврат да биде фер.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
За возврат, да му плати поголема сума американски долари.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
- Ајде, искарај ме - ѝ реков - ако чувствуваш потреба да го сториш тоа, а за возврат ќе ти раскажам сѐ за жената од скалите, за писменцата што ти ги... - но Катерина ми ја затна устата со својата топла дланка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Премиерот, пак, веруваше дека некој нешто му должи затоа што тој дал, но притоа заборави дека тогаш кога му барале, самиот за возврат не побарал ништо.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Знаев дека можеби треба да покажам и некои знаци на љубов кон неа, ако сакав да добијам барем малку љубов од свекрвата за возврат.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ербап – способен, итар, финтаџија... суперинтендант – домаќин у зграда. Живее муфте без да плаќа кирија, а заузврат ги собира чековите, мења сијалици, им се смешка на сите и те риба ако пуштиш гласна музика.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Се хранат со зависта, задевајќи ги со навреди, се хранат со навредите, што ќе ги изнудат или добијат од устата на својата жртва, за возврат!
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Го сакаа силно Бога иако беа непрестано казнувани, камшикувани со искушенија, трпеа за возврат на Љубовта Божја!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
За возврат, или како награда, на Поетот целосно му припаѓа привилегијата да располага и да господари со својот свет на соништата.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Стапалата ти се голи жртвеници чија крв така ја крштеваше земјата што таа за возврат не можеше да не ги помилува;
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
Повеќе