втрча св.

втрча (св.)

Во училницата втрча возбудено прислужникот чичко Петре и му шепна нешто на учителот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Секогаш има возови што пристигнуваат и заминуваат, но во Играта во која втрча почна да насетува некои таинствени, неумоливи законитости.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Во тој миг Минк втрча во кујната за да испие една чаша вода.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Следното утро Тате втрча дома со цел куп билети во рацете.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Минк, сета испотена и валкана втрча в куќи.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Во тој момент втрча Бакстер со весник во раката, целиот возбуден.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Луѓето втрчуваа во портите како зајаци.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Еднаш Парнаџиевата го оставила прозорецот отворен, и во тој момент дотрчала ветрушката, се качила по скалите, втрчала и во собата, и сѐ испревртила.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Негде при крајот на месечевата ноќ Пеперутката втрча во мојата соба и водена од насмевката на возбудата долго раскажуваше за некое чудесно лелеење во воздухот што самата таа го чувствувала; ми ја објаснуваше состојбата на привидното летање во кое и сега се наоѓала а од кое произлегувала и оваа нејзина воодушевеност: - Виде - прашуваше таа а лицето ѝ гореше - виде колку високо се качив? Дури меѓу ѕвездите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А ако набасаш на некоја намќорка допраша другиот Е ако е некоја смуртена лоша ќе ти биди болеста И уште ако не ја знаеш жената што ќе ти втрча со сонот Некоја нова и непозната болест ќе те довстасала Така велеше првиот толкувач на соновите
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Но тој не втрча веднаш во нивниот стан туку долу кај пумпата долго си го плискаше лицето.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И токму тогаш кога се чинеше дека непопустливоста кај Стојна надвладеала, таа му се искубе од рацете, втрча во полумрачната соба зад тремот, и речиси во истиот момент се покажа на прозорецот сосема подготвена, а веднаш потоа почнаа да го изведуваат она за што толку долго се канеа.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)