данок м.

данок (м.)

Беше дошло клето време данок да сја дават.
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Штом некој нема да си го плати данокот, тој ќе го фати и ќе го тепа се додека овој кутриот не му ветел неколку дена работа на неговиот имот.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ќе му сработи човекот и, се знае, пак нема да му плати данок.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Стравот ги замрзнува срцата. Ќе се сети смртта дека на Козјак лежи такво и такво село што треба да плати данок со неколку живи жители.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Познато е само тоа дека во пролетта на 1516 година дошол во Вишеград јаничарскиот ага од Цариград со педесетина јаничари и ги распратил по блиските села да го соберат познатиот данок во крв, т.е. да одберат здрави христијански деца, да ги земат и да ги одведат во Стамбол за јаничари.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
За оваа година ми запишаа данок повеќе отколку што ќе спечалам за две.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Стој си настрана, Патрокле, си велам, плати си го данокот, зошто се парите... не се плашиш, тогаш ајде ослободи се сам.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во тоа време, кога одеа да го собираат владичниот, грчките битолски владици, од страв од ајдути, а и за да го натераат народот да го плати данокот, одеа опкружени со големи тајфи составени од заптии и ѓакони, а Партениј, за оваа пригода, беше се зајакнал уште и со некои свои послушници.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Преку нив, преку субашите ги поучија другите како да се одбранат од данокот во крв - на новородените да им врежуваат крстови на скришни места, под мишките, или направо на челата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Отсега ќе ви се зголемат давачките, ќе морате да плаќате даноци за сѐ што подигнавте. Сами сте си виновни.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Нема цар, нема данок. Народна веселба.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
* Од него, од тој човек, на сите страни се пуштале ластари и тие што биле негови синови и внуци и синови на тие внуци плаќале данок како берачи и продавачи на тутун, афион, шеќерна репка и памук, како колари, јажари, самарџии, ковачи, воденичари, гробари, управители на пошти, пандури, архивари или ја заборавила ораницата зашто станувале металци, обликувачи на порцелан, попови, готвачи, прекуокеански печалбари, но тој татко, дедо и прадедо, Зафир Јосков, бил поп, распоп и солунски продавач на мирудии и малоазиски мелеми и пак поп во неколку села под востаничкиот град на Питу Гули, на Никола Карев и на другите, да ги спомнеме без патетика.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
XVI Ручокот на Комисијата беше приреден на островцето обградено од бистрата изворска вода под жалните врби што своите гранки како зелени чипки ги спуштаа до земја; водата околу нив се прелеваше во зелени и светли тонови, по неа лебедите оставаа меки трагови доаѓајќи сосем блиску до огништето каде што се печеше прасето; калуѓерите се сменуваа вртејќи го раженот и плакнејќи ги лицата со студената вода; миризбата од вцрвенетото прасе што капеше на жарта, се ширеше наоколу дразнејќи им го желудникот на полковниците, игуменот, отец Иларион и отец Серафим кои седеа крај масата и пиеја; отец Серафим пак им наточи од најубавото вино, и додека чекаа да се испече прасето, им раскажуваше дека во турско време имало многу лозја во манастирот, а и во селата, зашто луѓето, за да се ослободат од големите даноци што власта им ги наметнувала за житните насади, тие нивјето ги засадувале само со лозја, зашто Турците не земале данок за лозјата, не собирале грозје, зашто не пиеле вино.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ги извади разните документи од турско време што ги имаше донесено со себе и оние што му ги даде игуменот и кметот, во кои се гледа дека манастирот и селата околу него: Езерец и Пискупие, плаќале данок и царина во Охрид, односно Охридска каза, а не во Корчанската каза со која манастирот се граничел во Турско време; дека пасошите на населението од овој крај се ваделе во Охрид; дека ревизија на алкохолните пијалоци во манастирот ги вршела даночната комисија од Охрид; дека плаќањето за ослободување од војна обврска се вршело во Охрид; дека пописите на приходите и расходите на манастирот, ги вршеле црковните власти од Охрид; дека во потврдите за исплатени пари на мајстори од селото Езерец што го обновиле манастирот, стои:
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Во илјада осумстотини триесет и петтата година, со раѓањето на еден од римските папи Пио (X), (по пет години откако францускиот венеролог Рикор докажал дека луесот и гонорејата се две различни болести), на ватиканската ризница ѝ се бројат или ќе ѝ се избројат околу дваесет илјади дукати како данок од проституцијата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа биле студени години во кои сиромаштијата под планинската црногорица му плаќала на султанот данок со крв, кога делии со зелени чалми ги собирале машките деца и ги носеле во булук кон Стамбол и кон Едрене, таму да ги потурчат, да ги научат да бодат со копја и да сечат со синџири, и самите подоцна, како брадести јаничари искитени со шарени перја и натоварени со топузи и криви сабји, да собираат нов данок во крв и да се борат против ајдутите во чии чети бил и Парамон Мечкојад.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сега го плаќа данокот на својата доследност.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Одродени, откинати од татко, мајка,од вера, од браќа и сестри, од сите свои уште како деца на воз­раст од 12 до 15 години, во името на законот, односно данокот во крв наречен девшурме (одбирање), ги учеле во Цариград, во специјални воени училишта, на сите воени вештини, па кога ќе завршеле, стапувале во елитните воени единици како јаничари.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Капитализмот во темните работилници; фашизмот, со декрет на Мусолини во 1923 година, ќе се обиде во Италија да ги обесхрабри козарите наложувајќи зголемен данок за секоја коза...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Зарем мораше да се плати и овој козји данок на историјата на Балканот?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Повеќе