дајре ср.
дајреџија м.

дајре (ср.)

Од старата кафеана во соседната улица се слушаше појака врева, придушено тропање на дајре, женски пискотлив глас.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Кадијата седна со скрстени нозе на меката постела и ги зеде двете кадани што беа до него, таа што му висеше на вратот и онаа што му ја бушавеше косата, и ги кладе на своите колена и како деца почна да ги лула, а кон другите извика: – Фатиме, Халиле, Ремзие, Мерсиме, Атиџе, Мамуре, харфата и дајрињата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Прстите на дајреџијата сами запреа да удираат по дајрето.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Некаде во средината затропа дајре и засвире тамбура.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кафеаната секогаш беше преполна: влетуваа во неа Ѓупките со дајрињата в рака, пееја, се виткаа, ја тресеа снагата; гледаа луѓето ококорени во нив, пуштаа раце кон нив да ги фатат, да ги штипнат, но тие како јагули се извиваа и избегнуваа од дофатите; кога ќе им ги собереа парите на луѓето, излетуваа надвор без поздрав, без збогум; утредента пак влетуваа со тие опојни песни и со тоа лудо тропање со дајрињата што свеста ја земаа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
А се собрале околу мене како на мечка со даире. Ме жалат!
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Хм, си велам, Достоевски е Достоевски иако една група мажи и жени, едни никакви луѓе, со даириња, со тапани, со бовчи, парталави, грди, кои очигледно лажат, крадат и убиваат без око да им трепне, јурат низ неговата куќа и ограбуваат сѐ што ќе стасаат.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ја препознаваа само страста во песните изведувани на непознати инструменти. Утови, дајриња, кануни, баглами, меланхолични чалгии...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)