директор м.

директор (м.)

За да се изработи една таква програма, македонските ученици во Белград во 1893/4 учебна година, во времето на инспекторството над нив на директорот на III гимназија Ѓуро Милијашевиќ, решија да состават македонско друштво во Белград.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тие негови чести забелешки ме натераа директорот на гимназијата да го гледам како дибек во широко, црно палто и во риги црно-бели панталони: дибек - со окалки на остриот како молив нос под кој висеше правилен црн квадрат на светкави мустаки.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Директорот ќе викне полиција. Не се согласувам.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Директор е во едно лезбиско кабаре, достоинствена дама.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Комшија бре, ах, комшија... - никако не запира да го прегрнува директорот Владо.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
„Што станало со мачката на директорот?“ ги праша не очекувајќи чудо - чудата лазеа околу него со жилавост на пиреј и троскот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„Ние мислиме дека она за мачката на директорот на поштата е пострашно“ , му рекоа.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Срипа како попарен од местото и почна да го крева директорот, кој збиваше испружен со лицето накај штиците.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Потоа си го зеде дајрето и го фати директорот под рака.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се сетија: мачката на директорот на една пошта пролајала со глас на пес; тој исплашен од божјата казна, му подарил на православниот црковен одбор државен радио-апарат со четири ламби и ја вратил својата партиска книшка.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Само пет минути пред тоа непознато лице го извести директорот, некој си Французин Берже и тој остана жив, но премногу уплашен и растроен.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Половината е за тукашните чакали: Џемал-ага ќе земе колку ќе земе, па директорот колку што треба, па дежурниот на вратата, па стражарите што ги проверуваат донесените однадвор работи.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Францускиот конзул Стег и директорот на бродската агенција Месагери Меритим ги доближија главите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Добро што не те чуја сите. А особено валијата, - почна поблаго директорот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Гоце, те вика директорот! Дојди во канцеларијата.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Како се осмели да викаш „долу?“ - го прекори директорот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
СОЊА: Морам да се вратам на работа. БОРИС: Директор си. Ништо не мораш.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Не сакаше да си правиш компликации, си стана директорка, уживај си сега.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Доцна, работиме во две смени. Подобро ми беше порано во училиштето, можеби, пак ќе се вратам, разговарав со директорот.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
На градилиштето се сретнав со инж. Бекар, директор на градилиштето на фирмата „Холцман“, за која работат „бетонците“, и го прашав што мисли за работата на нашите луѓе.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Повеќе