дузена ж.

дузена (ж.)

Сета улица знаеше дека татко му на Цанета, кларот Дојчин, по вторпат се ожени за една вдовица од периферијата Крњево и таа му донесе со она малку покуќнина и половина дузина деца, меѓу кои и Ганка.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Јас со мојата рака во борбите за правда и слобода имам заклано неколку дузини што мажи, што жени, што деца. И деца! И деца! Нема гозба без јагнешко.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Таа му го додаде тенкиот коноп на кој беа закачени четири дузини свежо испрани алишта.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„Штом е дадено нејзиното постоење, нејзината иредуцибилност е тривијално следство на нашите дефинициони практики.“ (стр. 124) Главните структурни одлики на нормалната, секојдневна свест споменати од Серл, се состојат од следната дузина: конечни модалитети, единство, интенционалност, субјективно чувство, врската помеѓу свеста и интенционалноста, фокус-позадина, гешталт структура на свесно искуство, аспектот на фамилијарноста, зголемувањето, центарот и периферијата, граничните услови, духовитоста, димензијата на задоволство/незадоволство.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
На крајот, сосема ретроспективно, со тешко срце, и со едната нога веќе вон исцртаните контури (што локва од Сенка прават!?) на однесениот (кој секогаш и бил однесен, карактеризирајќи се токму со тоа деридијанско Не-присуство!, но сепак...) „леш на постмодернизмот“ (и богами пак отворајќи цела дузина прашања за „гацањето по /во/ себе и за оние мрачно преемблематизирани субјекти и објекти на Лакан...),
„Маргина бр. 21“ (1995)
Заобиколува дузина продавачки на ноќта.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Мошне веројатно е дека во истиот момент цела дузина луѓе работат на различни верзии за тоа што всушност рекол Големиот Брат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но сите јазици од исти гласови сочинети се, и нема јазик кој од друг јазик се разликува за повеќе од дузина гласови, но нема јазик кој од други јазици се разликува само за дузина зборови.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Која боја ви е костумот?“ го праша Германија и пресегајќи ја десната рака го сотре своето тврдо рамено од него потфаќајќи цела дузина вратоврски.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
По краиштата на подиумот, на трите страни без ѕидот со каминот, крена миндери во козина колку за дузина гости, а на средето положи ниска софра од родната куќа, веќе фрлена во неупотребливи предмети, а сега светната со фирнајс, колку за да ја покаже староста, толку и трајноста на дрвото.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Да беа уште в село, веќе ќе изродеа дузина деца и таа ќе одеше в црква со дукати на челото, а тој ќе вртеше бројници средсело.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Налетав на дузина интелектуалци мудруваа гласно ко кучиња чопор се јадосав, сакав да ги ишамарам сите сметав дека тука не припаѓам воопшто Од сите тие повраќаници гнасни почна да ми се превртува желудник блеев ко теле во ѕидови празни во салата не видов ниеден згоден задник Се чуствував како бескомпромисен лудак од тие бескорисни пијавици гадни со дебели задници фотељи што дупат одвратни џганови интелектуални Отидов до паркот и налетав на старци заљубени парови се шетаа често во паркот не видов интелектуалци го вратив спокојот и срцето на место
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Дузината мајки и љубовници, од Андромаха до Гризелда, ме направија пребирлив во однос на овие недопирливи кукли што ги сметаат за вистински.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК