дуљбија ж.

дуљбија (ж.)

И потоа низ дуљбија гледаме како си ги прибираат ранетите и убиените.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
За миг ни се стори дека во еден од нив, кој држеше в раце долга поморска дуљбија, го распознавме дедо Симон, во неговите помлади години; светлината беше недостапна за тоа да можеше да се утврди.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
И така било! Добиле куќи и земја, во замена, крај брегот на Езерото, тука веднаш до малото гратче, што денес го гледам од вишната карпа со старата таткова дуљбија, некогаш од Татко, од Цариград донесена, а со која три генерации го гледале родното место преку граница, тука веднаш крај Манастирот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Остана да чемрее крај брегот со големата дуљбија, којашто Татко ти му ја донесе од Цариград.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Порано, во помлади години честопати одев горе и од таму, од Цуце, со дуљбија ја гледав нашата куќа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ќератајата низ дуљбија мора да видел дека тука имам мажи во години.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)