елен м.

елен (м.)

Но одеднаш Неда истрчува горе ко елен, народот гневно го кори: - „Ој, орачи, мажи, не тажете вие! - им вели ! слушајте што ви се збори!
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Докторот пак ги извади очилата. Сега никако не можеше да го најде парчето еленска кожа.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во таквите куси мигови, кога успеваше да заплива сам во таа белина, чекорот му стануваше лесен како на елен, а во него се насобираше некое гнездо топлина, што раздразнува меко, гаделичкајќи го во градите, и му беа потребни само уште неколку такви, длабоки и слободни здивнувања, за да ја изгуби сосема тежината на туѓото присуство и да запее, да вресне нешто без смисол и без ниеден збор, само еден див долг и ослободен вресок.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Од сите прозорци, од сите врати, од сите процепи на бараките, сите ѕидари и сите малтерџии го гледаа пак оној човек, оној Големиот Ристан, целиот заскокан, како елен, како ги дига и ги префрла камењата од старите гробови, како ги дофаќа и ги фрла сите тие огромни стари ќиури, како ги заиверува еден во друг и како притоа камењата испуштаат црвени огнила.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И имаш зајак и елен. А јас немам ништо. Дури ни маченце.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Имав една стара сликовница со многу нацртани животни во неа - срнеци, лисици, кунатки, диви мачки и елени.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
- Зајак со шапка, - рече. - И елен со чизма.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
А ќе стаса ли и Дедо Мраз, со своите еленски стада да расфрла снегулки од торба и да ја види оваа олимпијада? Ене го, вјаса... Ќе стаса.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Очите на братучедите веќе им се наполнија со молежливи солзи како на елени.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Наеднаш скокнал и со еленски скокови ги прескокнал Турците и - магла. Ја фатил планината.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Обете крила се умножуваа, стрелаа бесцелно само да се јават, да не удрат на нив комитите, та за некое задржување никој не мислеше.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И со нас идат и комарци, муви и мушички, жужлиња и еленчиња.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тој човек, кој со леснина претрчуваше толку милиони километри, планини, реки, полиња, што како елен совладуваше големи трапишта со вода, кој на чудесен начин можеше да пролета низ кални, тешки патишта, низ трње, низ дождови, низ лапавици, со секавиците да се гони, беше жално, беше очајно да се гледа како се прпелка во малото, смрдливо сопче.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ја лигави така Ники и испушта некои гласови, ко да рика елен, ко да лае лисица.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Еленчињата се удрија и им се истркалаа топчињата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Еленчињата се наведнале прудолуглава и туркаат назадгазум.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Замислувавме, разговарајќи за неа толку често, дека еден ден ќе ни се врати со рогови, веќе станата елен третјак како што ги викавме елените кога ќе дојдеа со полна снага и ќе имаа најмалку по три чатали на роговите.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Сѐ повеќе личел на човек дробен и боден од копита и многучепорести рогови на елен за време на неговото рикање.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Валијата сака фати елен.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Елените и срните за нас во тоа време беа нешто како кравите во Индија.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Повеќе