забрза (св.)

А што му пишува англискиот министер претседател на кентерберискиот архиепископ за политиката на големите сили во нашите работи: “Учеството на сите сили во разрешувањето на македонското прашање само може да го задржи, наместо да го забрза, неговото разрешување.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Над градот е омарнина, по кеот мрака паднала, преку мост тропат копита, а Вардар лудо забрзал, галеби бели покренал а в соба тесна таванска Панче со млади студенти лист по лист вртат зборници.
„Робии“ од Венко Марковски (1942)
При таа мисла тие неусетно ги забрзуваа чекорите ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Ќе го стореа тоа, но навреме забрза дедо Геро и ги скара.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
„Пријателе, ние ја носиме лагата во себе и едно не знаеме: дали нѐ одржува таа во живот или ја негуваме за да ја забрзаме својата смрт.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сите нервно забрзаа со работата... Аргир силно ги набра веѓите...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Арсо забележа дека Долгиот сега оди слободно исправен. Ги забрза чекорите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Потоа неочекувано забрза, како да го совлада желба брзо да се отчепи од таа своја должност.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Глигор ги забрза чекорите. Другиот подзастана изненаден и загледан во јакиот врат на Глигора. Потоа се изгуби во мешаницата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Малиот црномурен коњаник прилепен за неговиот грб, мавташе со рацете, викаше, забрзувајќи го својот белец.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ајде, наздравје косење! - дофрли Кирил и забрза по патеката кон стубелот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Чадот го потсети на компирите што се варат, па забрза кон колибата. Со виљушка боцна во еден од компирите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тој роднината, му бакна рака на болниот старец, промрморе одвај чујно: „Прости ми, мили дедо”, па ги свика кучињата што Денко ги беше нахранил и со торба преку рамо забрза преку Гола Глава.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тоа не тера да го забрзуваме одењето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога сум пред нив, забрзувам, а кога се враќам куцам побавно, чекам да задамни.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Како да им беше страв дека, ако забрзаат, побрзо ќе стигнат некаде.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Одблесоците на молњите што влетуваа низ прозорците во лабораторијата, правеа рендгенски снимки на предметите и го набиваа воздухот со електрицитет кој делуваше стимулативно и на Мил и на синтезата што требаше да го забрза процесот на создавањето на живата материја.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Речиси ми го забрзува и дишењето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И, тогаш, возот почна да забрзува, народот да заостанува и човекот ми се загуби.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ја забрзав песната и жените се фатија да играат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК