задолжи (св.)

(Кон Неда.) Госпоѓо Христова, јас не Ве задолжувам да молчите за ова што го видовте. Јас не можев поинаку.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
- Доста! - Животот во тебе те задолжува! - викна Глигор бесно.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ние не сме се ослободиле од клетвата, таа нѐ задолжува.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Како што рековме, овие денови ќе ти се платат по два трудодена, а да не зборуваме за тоа дека со ова ти ја задолжуваш и целана наша Задруга, а исто така и социјалистичкиот напредок на нашено село.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Точно е. Но кога некој е задолжен да прави ред, тоа тој го прави насекаде.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Секој примерен беше задолжен со по еден таков лош другар во стројот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тоа, задолжувањето на сојовите од страна на спахиите со поделени парцели земја и издвоени стада говеда и овци, беше првото корисно раздвижување што дојде во Потковицата со Дамческите и за тоа и едните и другите ги благословуваа - на тој начин навистина приносите двојно се зголемија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
За 2 октомври, кој беше прогласен како празник на мир и демократија во светот, ме задолжија да подготвам реферат и да го прочитам пред војската и народот од Елбасан.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Судот го зеде тоа предвид, ја уважи жалбата на Китан и го задолжи Танаила да му ја надомести штетата на Китан што ја процени вештото лице.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тоа ќе потрае сѐ додека долговите не бидат платени, сѐ додека американското стопанство не биде способно своите задолжувања да ги намалува со зголемување на порезот и со мерки на штедење, сѐ додека европското стопанство не биде способно своите пазари да ги проширува на големи пространства, сѐ додека техничкиот напредок не ги деблокира кочниците што го закочуваат светското стопанство.
„Маргина бр. 21“ (1995)
Тот не само што го надоместува живиот јазик, туку освен тоа е задолжен за мачната работа на мерење на срцата и душите на мртвите; тој е бог сметководител, кој освен тоа е изумител на игрите на среќа и криптограмите.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кажете го името на кој и да е друг филозоф што го задолжи човештвото?
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
По својата форма на формирање СОЕ претставувала хибрид формиран од повеќе одделни организации кои биле формирани за таа цел: од секција Д како дел од тајната известителна служба (Secret Intelligence Service-SIS), задолжена за изведување на саботажи и која била активна на Балканот пред 1941 година; МИР дел од воениот кабинет и Elektra House, задолжен за пропагандна активност.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Откако се скараа Тито и Сталин, а Југославија беше исфрлена од Варшавскиот пакт, и нашата родна Албанија си се задолжи самата, но и за да му се додвори на големиот брат Сталин, кој не исклучуваше и напад врз Југославија, уште посилно да ги зацврсти границите, особено кон „југословенските ревизионистички одметници”.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Потоа додадов: „Јас, другарке Огнено Гулева, во случајов само реализирам една приватна порачка за која уште не втасало известието кого да го задолжам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Му реков: „Имај на ум, се случува и тоа, а и мене ми се има случено, дури кога ќе згрешиш да сфатиш дека животот има задолжено специјални избраници и помеѓу луѓето за кои сметаш дека посебно те ценат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Синдикат: Самоуправен социјалистички орган задолжен за новогодишни пакетчиња, тегли со краставички и свински полутки (овие последниве понекогаш ги даваа цели, абе златен комунизам)
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Шифрантот Иваз уште од самото мое влегување во амбасадата ме задолжи со редица општи и тајни прописи кои морав само јас да ги знам и да ги чувам во мојот челичен сеф, заклучен со шифра што ја знаев само јас (а можеби и шифрантот).
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Беше задолжен од таткото на нацијата да го воведе мултипартискиот систем, на начин на кој повторно би доминирала бургибината Дестур партија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се виде, другарот Иваз не беше задолжен за тоа. Не можело да биде во прописите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК