закатанчи св.

закатанчи (св.)

Во минатото низ повеќето маала се слушаше џагор, но новото време ги закатанчи децата пред своите компјутери па дружењето најчесто се одвиваше по вештачки пат и преку социјалните мрежи.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Седна до нив, закатанчи уста и, молчејќи си го спомна разговорот што неодамна го водеше со својот најблизок сосед, дедото Киро.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)