изделка св.

изделка (св.)

Кога со тоа беше готов, со ножето изделка друго чамово дрвце, така колку да може да се протиња низ цевката.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Грижливо ја изделка корката, со парче тел го издлаби босчето како цевка, а по тоа зеде едно потенко багремово гранче, го дупна насреде и со него го затна отворот на црцалото.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
- Клупата е исечена, изделкана. Клупата е за никаде!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Иако го прочитав нејзиното име и презиме на штичката, на која покажа татко ми, не можев мајка ми, нашата жива, секогаш насмеана добра мајка да ја поврзам со ова купче натрупана земја и со оваа грубо изделкана и испишана со црна боја штичка.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Што ли карпи откорнавме откорнавме изделкавме за божје тркало.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Си мислам што може да се изделка од буката: колку главини за колца ќе излезат, колку лактишта, колку оски, колку ќумур може да се направи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Така, потивко отколку што се очекувало додека со некаква измореност ги потпирал градите на дрвените запци, прашал: - Колку деца изделка, мркачу, со првата, покојната Коца на Трипуновци, и колку со сегашнава што ти дојде од Побожјане?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Најмногу душата му се собираше кога делкаше воденички камења; со денови вртеше околу карпата од која требаше да се издвои поголем камен од кој требаше да се изделка воденички камен: ја набљудуваше карпата, секоја нејзина жилка ја проучуваше: од каде трга и каде оди, каде се разгранува, слично на ботаничарот што ги проучува жилките на растенијата, како дрварот што го проучува дрвото од која страна да почне да го цепи; го проучуваше до каде оди цврстиот дел на каменот, а од каде почнува болниот; го обележуваше со креда, со керамитка, со врвот од глетото.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Крстен е, повторил и Онисифор Проказник. - Ние никогаш не сме ги палеле мртвите. Изделкајте крст.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Луѓето се бореле и со нокти и со заби, за една глава барале две: на малите народи една глава им е поскапа од три непријателски; ќе убиеш тројца, четвртиот тебе ќе те доака; ти гниеш во гроб, тој делка дечиња - тројца браќа му загинале, четири дечиња ќе изделка; ти ни род ни пород, тој сѐ може.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Застана сред црква на плочата врз која беше изделкан голем круг како со цветови и во кругот крст.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Генерации имени и безимени освојувачи ќе се утврделе небаре до вечноста, ќе ги превртеле овие киклопски камења, наредени од претходните освојувачи, ќе воспоставеле свој ред, ќе довлечкале или ќе изделкале нови камени блокови.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сабајлето плачењето престана. Таткото самиот изделка мало ковчеже, го закова и на рамо го однесе до гробиштата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Се зборува дека меѓу тие редови имало букви, ама не грчки, туку кирилски кои за време на диктатурата на Метскас во 1936 година дошле луѓе од југот и ги изделкале со казма.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)