излаже св.

излаже (св.)

Маштеха моја ме излагала и ме дала на ваши руки да ме убиете, ама се надејам да ви оврне вам Бог за такво беззаконие.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Јас знам оти чудно ви е ова што ви го кажувам ама не е чаре да ве излажам, чунки најпосле испат ќе ви го сторам и ќе ве уверам.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Но кого го излагаа со таа маневра?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кого мислат да го излажат тие со статиите во ,Право’ и во другите весници оти Македонците ја сакаат Македонија за Македонците?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Пак за тоа кир Ристаќија не спие, ами и прати човек да ја излаже дека Селман-ага собрал Арнаути да ја граби.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Раздвижени како мрави, работеа младинците ... – А ти? – му се сврте Мечета. – Шеснаесет ... – излага и Мече, гледајќи в земја сцрвен до ушите.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Беличот како да имаше однапред смислен одговор на ова неизбежно прашање. – Јас не бев тогаш дома, а него не го примиле. – Зошто? – Бил малечок. – Колку години имаш? – Кој, јас ли? – Ти. – На Петровден наполнив осумнаесет – излага Беличот. ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
- За леб, тивко излажав и останав наведнат над малиот црн и очајнички кораб.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Јас така размислувам, кога тој се исправи и - што да видам? Да не ве излажам, ама уште колку за цела глава повисок од писарот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Сетив зад грб продирен поглед и се завртев. Не се излагав.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Други го задеваа дедот Петка: — А бреј, стари вапиру, каде токо и влечкаш виа пуста жени, бре? Колку си излагал и ошче колку ли ќе земиш на душа?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Од друга страна, треба Андо и Трајко да излезат до пазариштето и да „намирисаат" како оди стоката — овците, козите, јагнињата, говедата, оти од утре ќе дојде пак Мате од Кокре, Мице од Бѕовиќ, Ангеле од Штавица да купуваат стока, та и нив да ги „излажат" како Петруша и другите трговци во градот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Шо ќе ти каже тој шмеќар? Шо да ти кажал, те излагал — млеко да го напоиш.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но се излага.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Кловнот не се завртува. Само се накривува малку. Се уверува дека не се излажал.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кој мирис: сакаше да излаже.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Кога луѓето ќе те видат, се чувствуваат излажани.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Привлечно делувате но сепак не се излажав. Така ли е - таа ве напушти?“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се насмевна мислејќи на својата крв: „Непознати цветови? Можеби си се излажала, Марија.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Да ти кажам, на друг да не кажам - ама вистина, неки домаќини му фрлиле око за домазет. Со личнотија и леунка да излаже.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Повеќе