информација ж.

информација (ж.)

При сакањето, ако не ќе можеме да печатиме многу работи на нашиот јазик, затоа пак нашата интелигенција ќе може да послужи како жива народна енциклопедија во која ќе се имаат точни и проверени информации по сите оддели на науката и литературата.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но точни и проверени информации се добиваат при многугодишно упорно работење, и тоа кога се работи со свеста дека со работењето се исполнува долгот кон татковината и кон својот народ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Затоа човек не треба, само за олеснување на својата работа, негативно да се однесува кон многу науки мачни, како старите јазици, но што претставуваат основа за многу позитивни информации и науки.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Онде пак кога говори за една Франција или Германија, за Турција или Амстердам, Никола Кирков знае во овае ера на вистински поплави од информации, да избере тема која се наложува со нејзината автентичност и значење.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Додека едни викаат, други трчаат кон отворените телепринтери, јавуваат, добиваат информации, се продава, се нуди, со еден збор - сето тоа на неупатениот му личи на некоја бркотница.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Слушаме радио, читаме весник, а таму куп информации за несреќи во светот, за глад, за немаштија, за војни, за ропство, за земјотреси, за поплави, а нас сето тоа нѐ растажува, нѐ боли.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
— Како ги испраќавте информациите во Југославија, што агитиравте меѓу Македонците, како организиравте дезертерства?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ти имала власта прецизни информации од последниот попис на козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сега сите информации за движењето на Чанга со козите се слеваа во еден центар.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Имаше доволно информации од западните радиостаници, но сега новостите можеше да ги провери од доживеаната страна.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Нашето лачење на информации е такво што ги загадува и горните слоеви на менталната атмосфера со своите нераспадливи отпадоци, уништувајќи го малку по малку видот на Белов (Bellow) ремен којшто нѐ заштитува (слично на целосното распрснување на тајната во вештачката интелегенција. (238) Се вели дека глупавоста е навреда, но мислам дека објаснението е поголема навреда.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Поради недостапноста на овие критични информации, читателите чувствуваат одредена „исклученост“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Информациите се симнаа удолу по кружниот пат, на лентите со двојна проверка.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Во ова електронско пространство киберпанкерите ја гледаат иднината во која оние кои имаат информации ќе се одвојат од оние кои ги немаат.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Промените во складирање и пристап до информациите се судираат со нашата историска меморија.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Иако е нагласена оваа информација, сепак многумина нема да согледаат како еден новоткриен детаљ од приватниот живот на Дишан може да има консеквенци во неговата уметност.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Супстанциите што се продаваат би биле посигурни, со тоа што би се вовеле стандарди во поглед на квантитетот и квалитетот, произведувачите би биле одговорни во случај на нечистотија на производот, а и информациите во врска со влијанието на различните видови дрога по здравјето на човекот и неј­зиното мешање со други дроги би станале широко достапни.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
„Каде ме водите?“ Колата се колебаше малку или, подобро речено, одвај се чу некаков звук, како некој да вовлекол картичка со информација под електронско око.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Но, постојат показатели дека светот се движи кон доминација на мултинационалните корпорации, чија растечка монополизација на информациите остварува сѐ поголема моќ како над индивидуите така и над националните држави.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Киберпанкот живее единствено како информациона густина во времето кога комплексноста стана критична: штотуку почна презаситувањето на планетата со системи способни за манипулации, испраќања и примања на сѐ поголеми количини на информации.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Повеќе