караула ж.

караула (ж.)

Мудурот се поослободи и нешто се присети та пак плусна со рацете.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога војските од оваа страна на фронтот започнаа да ги зацврстуваат своите позиции спрема Грција за да се спречи нападот на француската и српската војска, близу до селото во една од селските кошари донесоа стотина волчјаци за да ги дресираат; дресираните кучиња ги испраќаа по граничните караули.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Командирот на караулата им вели: - Кој не бил во странство, сега може да оди...?
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
- Ете, бевте во странство и се вративте... - им вели командирот на караулата.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Крај караулата сите се туркаат за да го видат што подобро граничниот камен што ја означува границата и од каде што продолжува соседната земја.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Но, око не склопив… В мугри појдов кон блиската македонско-албанска граница. Караулата беше на неколку стотини метри.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Бев поручник. Командир на гранична караула.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Брзо се расонив од тешкиот сон, без униформа и бос излегов пред караулата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Врз покривот на караулата паѓаа тешките куршуми од авионските митралези и само неколку минути потоа почнаа да паѓаат бомби врз селата Трстеник и Капештица.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кога челото на првата фаланга ќе помине покрај караулата на ридот Гинова, останатите единици да се повлечат од своите одбранбени позиции и веднаш да формираат фаланга која ќе продолжи, држејќи се за опашот на првата фаланга.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)