кастри (несв.)

Друго е машка рака. Тие кастрат, како праз да сечат, со лес.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
сите почнавме први, вели Силе Плевнеш и едната рака си ја потклава под главата, си прави визглавје, сака да спие, и така ќе се умира, вели, барем наспијан да умрам, далечен е патот до небото, треба одморена да ја пуштиш душата, а јас ништо не сакам, вели Стеван Докуз, само да се најадам, до гуша да се наѕидам и пак почнува да цимолка и да си ги голта солзите, искрен е Стеван Докуз и во плачењето и во јадењето, никогаш не му било доста јадењето, ламја е Стеван Докуз, машина, чапја, коза пропрсната, е што да правам кога мислата само на тоа ме тера, вели, ќе се сетам на шумата наша и пред секое заспивање си мислам колку би било добро и шумата да се јаде, да можеш ко коза да ѝ влезеш, од Зајгазица, или од Чучка, или од уште подолу, од Задмартинец и да фатиш да си кубиш, да си брстиш, со ред, стрижи, кастри, наполни го мевот, напиј се вода и легни си под некоја најширока бука што ќе те павка и ќе те брани од мувите и од сонцето, а кога ќе огладнеш пак стани, и пак брсти, стрижи, мели ко гасеница, 120
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сонцето ќе се опули, и сите работат и јас работам. Некои собираат желади, други кастрат шума за лисници.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И не беа помалку изненадени кога ги видоа мажите како, качени на покривот на господарската живеалишна зграда, ги преуредуваат керамидите, како сами ги поправаат чардаците и ги кастрат роните дрвја.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Руса стана да живее кај своите, но еднаш, во време барање дрва за огрев (еднаш во годината, во октомври, жителите на Потковицата ја кастрат гората и берат дрва за огрев) дали некој ѝ рекол или сама дошла на таква помисла, дека Јован Дамчески и таква, огрубена, ја чека дома за да ја земе за невеста и отиде кај Дамческите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Приврзаниците на првите јасно ги спротивставуваа аргументите на генералната констатација на антикозарите за штетноста на козите: козата го открила кафето, покажала дека со кастрењето на лозинките се добива повеќе грозје, козите, споредени со тежината на кравите, даваат осум до десет пати повеќе млеко од нив.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Додека ја кастри оградата, додека собира лисје по дворот или плеви меѓу цвеќињата, тогаш нему меѓувремено му паѓа на памет некоја измена во некоја реченица, нешто инаку да го каже, некоја нова реченица да уфрли, да додаде, реченица со којашто ќе продолжи.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тогаш ги остава ножиците за кастрење на оградата и се враќа да ја направи поправката или да допише. Макар и само еден збор, една реченица.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Разбери ме не можам повеќе да те создавам да те лекувам со поштенски марки нема повеќе да патуваш сакам да верувам молци ги јадат адресите во мене интимно се топат некои санти и паѓа горчлива сенката на времето кога се кастрат лозите и поривите а билјето развива бујно како грев.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Министерот за куродрвење во тој момент дебатираше со опозицискиот широкуран дали треба да се кастрат трошоците во образованието додека гуската од Битола го тестираше новиот римејл купен со парите од патните трошкови.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Секое мало зголемување на работничите права најчесто катарзично се најавува од страна на Самостојниот синдикат на Македонија (ССМ) како репрезентативен синдикат, кој најчесто останува нем кога следат драстични кастрења на истите.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)