клукајдрвец м.

клукајдрвец (м.)

Сончевите зраци се пробиваа низ високите дрвја правејќи светли завеси од утринските испарувања на влажната земја, ширејќи мирис на печурки и папрат; разнобојните лисја на дрвјата се преливаа на светлината добивајќи прекрасна патина, претсмртна боја; клукајдрвците удираа по дрвјата и огласуваа немир; немир владееше и во кучињата: напињаа на ремениците со кои ги водеа манастирските слуги, душкаа по земјата и бараа да се ослободат, да оптрчуваат; повремено ќе заквичеа но слугите ги смируваа жулкајќи ги по главите, или удирајќи ги по муцките.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Над дабјето беше синопепелавото небо, а над плочите и мермерот од гробиштата, лад и тишина, прекинувана само од по некој крик на гавран или од ритмично удирање на клукајдрвец во стебло.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Зад работилницата имаше една празна цилиндрична канта од масло, и во последно време еден клукајдрвец беше се навикнал да колве на неа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК