комат м.

комат (м.)

- Остани да ручаме, да видиш каков комат направи Садие, го задржува жената поштарот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Остатокот од пешникот ѝ го подаде на Мара и потоа тројцата засркаа од гравот, држејќи ги во едната рака коматот леб, во другата лажицата. Братучедите лакомо јадеа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Кога дојде ред да одморат и да поткаснат, малку понастрана од купот седна Пелагија и ја рашири шамијата со коматот леб и сирење, а за да не биде сама, крај неа квакна Танаскоица со краишник и голема грутка сирење.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Дончо другата стомна ја накреваше само за да ја претури во себе онака седнат над сламарникот, веднаш по отворањето на очите и откако ќе се проѕевнеше, откако ќе си ги навлечеше кусите пантолони со прерамки врз голата снага, со цела франџола леб и голем комат сирење, излегуваше во дворот оставајќи си го гласот зад себе На ректа ки са мијам!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Коматот стаса со печењето дури по два часа, а кафето им помогна колку да се отрезнат и да знаат што јадат, пред да почнат да ја навредуваат недолжната домаќинка.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Пули туа... Сендуците испокршени, мојте невестински руби изрвани, љуљката о која ми порастее дечките - испокршена и разбојот комати сторен...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)