компликација ж.

компликација (ж.)

Не сакаше да си правиш компликации, си стана директорка, уживај си сега.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Секако дека тука има и редица други компликации.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
„Зашто можат да станат некакви компликации.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Јас, јас... јас од компликации и така наеднаш!“, проговори повторно младичот, „Мене Шулц уште вчера ми вели, вие, ми вели, имате компликации, а јас наутро и умрев. Ах!“
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„Ах, не! Не, не, тоа никако! Јас кај Шулц; кај мене, знаете, компликации се појавија, прво градите ми ги зафати и кашлица, потоа настинав: градите и грип... и ете, сосем неочекувано... сосем, сосем неочекувано“.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Најважните компликации од овој тип на движење 1961-та ги расплетка Шарковски во Украина и Мичел Фигенбаум 1978- та во Њу Мексико.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Компликациите се од негова страна.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
- Настапија компликации, неминовни во периодот на транзиција - транзиција... трансформација... дестабилизација... приватизација... изговара Влатко со забавено пулсирање... мислата се кине, концентрацијата попушта, се завиткува во некаков бел превез, нема сила да му се спротистави на сонот, му се предава без отпор - сонот е смирувачки, благотворен, мирислив, мек - небаре е скутот на баба Мирјана...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Му укажав на Кожинката за можните компликации. Ги спомнав имињата на учесниците во можниов заговор.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Некоја температура, си велам, некоја компликација, сенешто може да се случи. Вода не ќе може да си поземе.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Еве многу компликации за една проста историја околу адресите, но морав да ви го објаснам сево ова.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Сиве овие компликации се резултат на поимот вечна дилема. Таква е мојата.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Дури по конзилијарниот договор, цела екипа лекари ја изврши операцијата која беше последица на комликациите настанати со вонматеричната бременост.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)