кормилар м.

кормилар (м.)

Кормилару, со клунот напред, рицари, со песна на атак.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
По ридишта плови лаѓа - кормилар е зелен рак многукрак.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Ралф Валдо Емерсон, Природа Зборот „кибернетика” го смисли Норберт Винер (Wiener); во 1948-та тој напиша: „Решивме целата област на теоријата за комуникација и контрола, сеедно дали на машини или животни, да ја наречеме кибернетика; зборов го изведуваме од грчкиот збор за кормилар (сиц!).
„Маргина бр. 21“ (1995)
Комунистите, сакајќи општеството да го направат поправедно, идеологијата ја поставија за капетан и кормилар, на местото на Профитот, а пролетаријатот во функција на движечка сила.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Таков е бродот без капетан и често без кормилар па и морнари.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Поранешните дипломати на Југославија, кои во федерацијата според паритет ги претставуваа шесте републики и двете автономни покраини, го напуштаа предвреме бродот со изгубениот кормилар за да најдат спас во првиот пристан.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Што остана од поетите, Кормилари на илузијата Што сега е неподвижна камила Во пустина? (Во едно предградие На диво се реновира разрушена песна)
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК