крем (прид.)

Однадвор веројатно допираше месечината, крем и зелена боја, и меките стогови на следните мириси: смирна, што дождот ја изнудил од дрвјата на булеварот; некои еротски видови бензин, кој придвижува одредени видови автомобили; сиот зеленчук од задишаното тло; наивната продорност на улицата; внатрешните мистерии на жените; и бесшумните пушкарања на стравот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Кога во летото се вратив во Скопје, тој и натаму редовно одеше на променада до „Метропол“, само што наместо шапка носеше сламено жирадо, наместо сивиот громби капут – крем костум од ленено платно.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Тој го сакаше гуштерот затоа што имаше светлозелена боја на грбот, додека странично зелената боја преминуваше во темнозлатеста, а кон стомакот во портокалова, а потоа во крем.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)