кутне св.

кутне (св.)

За „спаијата" се донесе едно ведро млеко од десет оки, се напоруча тој и сите покрај него, а протуѓерот Злате и гавазот Ариф го кутнаа бравот за ручек.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
За него веќе ништо не можеше да го наполни овој ден и сета онаа белина напред; таму остануваше само еден прекрасен, но не уловен лов, а еден онаков самјак можеше да остави по себе во снегот и цели коски, можеше да направи и цела една бразда крв по должината на целата трага, а пак да не падне, пак да не биде кутнат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ти си јак и можеш да му се допреш на сѐ, уште ниеднаш досега не си се почувствувал преборен, кутнат наплешти, и можеш да бегаш од тоа. Но, дали е и тоа како што треба?
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во коријата најде една дебела кутната сува бука.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Ако ги стемни, ќе ги извадат ќебињата што ги имаа преку рамо и ќе се кутнат во некоја од ливадите крај патот. Ако стасаат- ќе стасаат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ќе речете оти сум останал фалбаџија, фалив дека двајцата можам да ве кутнам.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
— Јас су овде паша, бре ќелеш! — одговори Толе, тргна и го кутна Ферада.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тој пак и видел однекаде, отрчал со секирата — по врат на еден два брава, и кутнал на место. Му се загнале овчарите да го тепаат ама тој јунак, му а навртил секирата, та и еден од овчарите кутнал наместо и еве ти беља на целото село.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И овој пред сите ја грабна Милка за прцле и ја кутна.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Еда, и жени ѓибале, вели Давиде Недолетниот, еда в пазува, под фустан, вели, еда ќе ти го засучи фустанот, и, еда, ќе те кутне, вели. - Да те кутне тебе кутурата, вели Јаглика Тренческа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И вреска, ко кутнато прасенце. ־ Оф, мајко, оф леле, мајче мила, вика, кај си мори мајчице?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ама кој како ќе му се доближи на Дука Вендија, овој - пам по муцка и ќе го кутне во ендекот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ја кутна еден војник под колена и зеде да ја удира, да ја гази.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И така — ќе го свитка, ќе го кутне човекот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Бегај, Небеска, си велам, оваа и тебе ќе те легне, ќе те кутне.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога селаните го кутнаа, го искафтија и го изделкаа четворно, рекоа дека ќе го бричат.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Војниците најпрвин со влечење или со туркање ќе го истргаа бикот од шталата кој се опираше со нозете, како да знаеше дека оди на колење, и откако со мака ќе го довлечкаа до дрвото, ќе го врзеа со водилото за стеблакот за да не им бега, а потоа со јаже ќе му ги изврзеа нозете за да не прета, ќе повлечеа на јажето и ќе го кутнеа на земја.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Само, кој како се судрил со соспата снег, се кутнал и потонал во длабок сон.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Ете кај го кутнала ракијата, а ние за влакно ќе го смачкавме! се свртува кон децата свои, одејќи Одам со ковчегот, а вие поделете си ги другите пљачки! и замина натаму, низ врвулицата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Само минатата есен и зима на три пати го кутнаа настинки.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК