лади несв.
ладилник м.

лади (несв.)

АРСО: Да си ја допееме песната! (Пее, сите го придружуваат.) Стојан се подразбуди, на невеста говори: „Стојанице, ти млада невесто, што ми лади лицето, дали ситна роса поросува или силни дождови?...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Грнето со петелот крчка, тепциите чмаат, погачите се ладат, винце, ракиичка — готово.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
На сето ова Митра се лутеше, ако не отворено, оно потајно се ладеше спрема него, а тој почна тоа инстинктивно да го чувствува.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
— Остави и, море, шо ти сториле шо ќе и мушкаш, токо да пратиме некој да му рече да сварат повеќе пилав и да го остават да се лади, оти жежок не се јаде, — му одговараше Саботко Неданов, фаќајќи се за кубурите и фалејќи се како по двајца аскери ќе тепа наеднаш.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ги распетлуваа градите од силината што им идеше, се соблекуваа голи и скокаа во езерото да се ладат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Вера не се иставаше од неа. Држејќи ја со рацете за рака и ја милуваше косата и ѝ го ладеше челото со водена крпа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
За кај се спремаш, Здравко, здравец мој попарен, викам и сеќавам дека неговата рака се лади во мојата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И во темницата само неговите зборови ми светат. Ме топлат, ме ладат... 104
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кучињата гледаат, копаат земја и ги пикаат главите во дупките. Се ладат. Кутри кучиња, што дочекаа!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ја ладам главата на подот и голтам прав.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Манол Форевски и Ристо Коларов дотркалале една лубеница и се ладиме. Може да имаше 30 кила.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Дали ве врбуваше? — Јас гладував, велам, а тие менуваа сенки и се ладеа со пиво.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кожата им трепереше во ситни бранчиња; од очите им избиваше пламен; чувствувајќи го освежувачкиот благодет на водата, завлегуваа сѐ подлабоко во езерото да се ладат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Потоа ги пикна во езерото да ги лади и да ги трезни.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Студената плоча чувствуваше како му ги лади вжештените усни кои трепереа од возбуда и радост, ја бацуваше неговата икона и ја гледаше како првпат да ја гледа, ги гледаше очите на светецот кои светкаа задоволно, радосно.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Почна да набабрува како папунец, и токму кога го ладев под чешмата, телефонот зазвони.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Стојам меѓу нив и го гледам своето тело што, ладејќи се лежи, пружено на жешкиот песок. Се фаќам со обете раце за главата.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Жена му од кметот пафта со скршена гранка по лицето и се лади.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Утробата на Винстон почна да се лади.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Пиво“, рече сега неочекувано Паско Бачо, „ама да е ладено во бунар!“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК