лаеж м.

лаеж (м.)

Ги познаваше лаежите на секој овчарски пес, знаеше кој овчар со каков кавал или шупелка свири и по тие звуци тој го познаваше секој булук на кој стопан е.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ништо нема, а лаежот на кучињата само се преместува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Наеднаш Пансионот започнува да одѕвива од кучешки лаежи.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Гратчето беше обично: ниски згради, низа од „коцкички“, оддалечени сирени, лаеж на кучиња. Луѓето се криеја по дупки.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Близок лаеж на пци. Потоа звуците стивнуваат.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ако само малку се концентрираше, на сликите можеше да им додаде и звуци и мириси, цела атмосфера: крцкање на летен песок и слатка врелина под нозете, тазе испеглана постелнина, Нивеа, печени тостови со кулен и млечен намаз, здив после ќебапи, куп искористени кондоми и кучешки лаеж.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Лаежот на врзаното куче од неа извлече млад маж.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Лаежот чиниш ги разбуди селаните. Се отвораат залостените дрвени порти, жени и деца молчаливо нѐ гледаат.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И решивме – одиме. Возиме прудолу по тесното сокаче и по изминатите дваесетина метри со левите гуми заглавивме во буништето од кое со гласно кокодакање на сите страни се растрча јато кокошки и веднаш по тоа со силен лаеж не пречекаа селските кучиња.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
А ќе се слушне усната хармоника, ќе се слушне и свечен лаеж од градската кафилерија.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Зли усти имитираат кучешки лаеж, стар барабанџија со темно маслинесто лице, бронзени усни, налик на статуа, го кинеше од мене злобното завивање на омразата кон излитено пријателство од автодеструктивни пориви...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК