лани прил.

лани (прил.)

58. Но се најдоа меѓу ланските членови лица што го наоѓаат за излишно постоењето на такво друштво, зашто немало одделна македонска народност во Македонија, а имало само српска и бугарска, и бидејќи во Петроград имало бугарско и српско студентско друштво, немало потреба за македонско.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
БОЖАНА: И под нашава стреа ластовиците гнездо си прават. Истите од лани лето...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Последниот час се сврши тој ден и Неда, како лани така и оваа година, на никого во очи не му се опулуваше, та реши ни на Крстета да не му се опулува.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Во први клас се запишиаа сите ученици што завршија лани четврто одделение, меѓу кои прво беше Толето на Бојана Жиовката.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Доста Макрева, Јова Батанџиева, Велтиса Мидова Велика Калешкова, Митра Ѓорѓиова и ред други мајки, еснафки на Рожденката, чии деца за првпат или уште од лани одат на училиште, кои стоеја одвоено од машките веднаш по говорот од даскалот почнаа да го коментарисуват случајот со Нешка Рожденкина.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Само толку кажува песната за овие пелистерски јунаци и завршува како што почнува: Ој, Лумане,Лумане, Ој, куче касапско, Не ми ти е ланската година!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Волците слепо ја следеа по бескрајното снежно море и ја оставија, а таа, како да си дојде на себе: далеку ги заобиколуваше јуруците, се плашеше од нивните развлечени песни; ноќе го грееше под срце нејакиот пород и се разбудуваше дури и кога по земјата ќе зашушкаа ланските дабови лисја.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Мраз лут нека стега, полут и од лани, снегот мек и дебел житата ги брани.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Тој лани седеше во неа. Тој имаше остро ноже и везден делкаше...
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Дрвјата си шиеја нови зелени фустани, поубави од ланските.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
1. НА ЛАНСКИ ОГНИШТА НЕ БАРАЈ ОГАН - но ако ги вилнеел љубовниот пожар и ланските огништа стоплуваат кога во спомените да ти пламенеат можат...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Денес овој голем приморски град на црноморскиот брег е во исчекување на своите први летувалци и се подготвува да ја пречека новата сезона подобро од лани.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Поскапи сте од лани! - им велам. На оваа забелешка не ни одговорија, се правеа како да не нѐ разбираат.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Југословените, кои не се толку мнгоубројни како лани, изгледа како да го резервирале за себе хотелот „Славјанска беседа“, додека патниците од Запад најчесто се определуваат за „Рила“ и за најмодерниот софиски хотел „Плиска“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Некој ми донесе лански, вели Доксим Тренчески, а за нокот му избегав на куршумот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Што останало од лани, велам јас, кога и лани немавме за јадење. 112
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Да не ми донесе сматок, вели Доксим Тренчески, да не е јајцево ланско. - Како ланско, Доксиме, велам, сега е снесено.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Лани на Грамос, откако одлетуваа авионите, од своите карпи полетуваа орлите. Со писок или со пискливо лаење, да, тие кога пискаат чиниш лаат, се довикуваат.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ланската година, во пролетта, кога Јаузоските раетини кршеа камен за новата кула Јаузоска, Андон Анѓелов Јанчески, вториот Анѓелов син, бил искачен најгоре на спилата и како што измавнувал со чеканот, однатре од спилата бувот му се џитнал право в лице и додека Андон се тркалал прудолу по спилата, тој, бувот, како од праќа фрлен, се изгубил во шумата под Камен.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Чупалево ќерка ми е, Драганка се вика; мајка ѝ умре ланска година и нејзиниот гроб таму остана, во Солун.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК