лаѓа ж.

лаѓа (ж.)

Колата тркаше по каменистиот пат и се нишаше како лаѓа на бранои, де на едната де на другата страна, како да ќе се преврти.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
По ридишта плови лаѓа - кормилар е зелен рак многукрак.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Лаѓите, гледаме, си одат, си идат; Ѓеро ги брише очите и вели: леб нема дома, леб да им пратиме, а не по курви да одиме...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Пак ќе руши. И корне, се искачува до чардакот, го понесува и амбарот, ко лаѓа го понесува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Хермоген: Како би можеле поинаку, Сократе? (Платон: „Кратил“) Натажената париска есенска влажност, со капки дожд, кои и кога не врне, се посеани на прозорецот; на симсот – секогаш неколку мокри, валкани гулаби треперат од студ, а над нив, стуткани, надлетуваат големата мајка, мразната птица од Сена, носејќи им во клунот парчиња магла, рѓосани цефки од речните лаѓи, гнојни шансони на умирачкиот гамен...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Набрзо по враќањето во Берлин, умира на 6 јули 1959. George Grosz, 1917 (фрагмент од писмо) Јас со поглед потполно продирам и таа работа за мене се единствените емоции (треперлива возбуда, бучниот уличен фронт на хартија!, или, ах!, вртење на ѕвезденото небо над црвената глава, електрично место на сликата, ѕвонат телефони, породилни врисоци, додека челичните ножеви мирољубиво дремат во запурноста на џебовите на подведувачите - а исто така и лавиринти од огледала, нивната улична волшебна градина! каде што Кирка ги претвора луѓето во крмаци, комичен тиролски шешир со перце, или rumms-tumm-tidle-walk во Патепон, каде што слушателот се фаќа за уво и музика од грамофон, палми од лаѓите со коишто продолжуваш, или песни на штитовите, или златниот штит, коло од букви - а вински црвеното, ноќите што локаат вино, во кои месечината е блиску до инфекцијата и до запцуениот кочијаш и каде што во прашливиот подрум се случува убиство со давење), ох, емоциите на големите градови! George Grosz, 1924 За да достигнам до стилот којшто... ја одразува нескриената суровост и немилосрдност на моите објекти, ги проучував драстичните манифестации на уметничкиот нагон.
„Маргина бр. 36“ (1997)
Ќе бидеме овде, јас свиен во твојот скут, во овој жолтозелен простор кон кој води еден единствен, тесен пат, како што е впрочем секогаш речиси правило, тесен пат да води кон широкото и пространото; ќе останеме овде под сината вселена по која една голема жолта месечина плови како залутана лаѓа во пустина, со изветвено знаме што се вее, како што некогаш бев ти зборувал, без бои веќе и без припадност.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ми се сруши сонот за друмска крстарица со тркала со бел ринг, фурнирани врати, напред тросед, позади тросед, штопови тенки ем високи, километража ко Јуност, мека вожња ко лаѓа...
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Под муренката лазат едночудо приказни за распнатите едра на љубовта и за потонатите лаѓи и ги подучуваат новите нуркачи како да го допрат дното на историјата.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Да одам по Добрина со туристички чекор, мапата во џебот од синото палто (таков студ, а да си го оставам капутот во Бурглос), до еден плоштад спроти реката, речиси врз зататнетата река со искршени мразови и лаѓи и по некоја птица рибарче која таму се вика збуанија тхено, или нешто полошо.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Утре – нов ден, нова нафака: на лаѓата за Венеција ќе протнам некоја ведра песна, преку девет мориња скришем ќе испратам и врзоп карипски насмевки - само црна мачка да не ми го пресече патот кога папсана се враќам дома и си мислам дека навистина сум продавачка на синолички на плоштадот Свети Марко во Венеција.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)