лизга (несв.)

Се помачи додека излезе на патчето, за што сувите износени опинци ѝ се лизгаа по чипецот, но потоа бргу се изгуби зад ридот.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Две патерици се лизгаат од патот... Децата дремат крај свеќите.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
По лекиот ветар над нив се лизгаа две страчки.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Несопирливо се лизгаше по немите ѕидови, лазеше преку лочките, ме прогонуваше.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Низ модрината, ишарана со живо подвижно сребро, човекот го носеше својот непријател, се лизгаше, застануваше само понекогаш да определи на прав пат ли е и ѝ се пожалуваше на планинската ноќ.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
По неговата кожа се лизга темен шум. Тапо шушка болка во три пршлени.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се извиваат голи ветрови фатени во мрежата на улицата и немаат залет па притиснати од тешките облаци ја стружат влажната калдрма, претпазливо лизгајќи се низ млаките барички.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
После го прашуваа потсмевајќи му се со селска итрина во црвените очи: „Зошто не пиеш со нас, попе?“ Шишето се лизгаше од рака до рака, се празнеше, ги извлекуваше пред нивните очи шумските ѓаволи од притаените грмушки.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во пурпурот на вечерното небо се лизгаат ластовици и танка опашка на недозрел ветар.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Виде: под таванот на собата се лизгаа темни птици.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Студена пот го облеваше Арсо и дланката му се лизгаше во шепата на Глигор.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ниеднаш не го испушти од погледот она клопче, што се лизгаше и ги добиваше сите свои четири нозе и својата умрцната главичка во приближувањето, и тежината, што го влечеше надолу по стрмнината.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
После можеше само уште да гледа по она црно клопче, што стануваше сѐ помало во одалечувањето, тоа просто како да се лизгаше по својата дира, сѐ додека не виде како еднаш исчезна меѓу стеблата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Да ја испржевме и да го натопевме, па да видиш како ќе се лизгаше низ грлото.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Раката на Денко почна да се лизга по козината на кучката од главата кон опашката. - Стрела, Стреличка, - нежно шепотеше Денко.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Нови јата риби надоаѓаа и пласкаа во плитката вода крај брегот, прпелкаа како фатени во мрежа: се пикааа во трските, во шеварот, во водните растенија и испуштаа чудни шумови и клобурци над водата; шумеше водата како подземни извори да се креваат; пиштеа галебите и сите езерски птици кружејќи и налетувајќи на рибите; трчаа луѓето, довлечкуваа кошници, сепетки, кошови, вреќи, и ги полнеа со риби; довлечкуваа и магариња, коњи, ги товареа со риби, се грабаа меѓу себе, се караа, се пикаа во езерото, заграбуваа поголеми и попресни риби; ги соблекуваа кошулите, панталоните и со нив фаќаа за да не им се лизгаат рибите од раце; се крвавеа во прстите од нивните перки, од нивните крлушки, удираа по нив со ости, со вили, со виљушки врзани на стап за да ги скротат и да не им бегаат од раце; се мешаше водата со крвта од рибите и од рацете на луѓето.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Колата почна да се лизга и да ја губи почвата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се лизгаме на шумките, се сопкаме на треските. Се влечкаме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Некој испукува со пушката во шумките, во празно. И јас одново потрчувам, се лизгам, се завлечкувам. 66
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се лизгаат и му заглибуваат во снегот и во земјата, слушаме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе