махинално прил.

махинално (прил.)

Неговата сува ковчеста рака махинално ја фати и грчевито ја стегна дршката од скепарот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се попритискува до ѕидот и раката махинално ја стега рачката на револверот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Продавачот махинално, без да го погледнува, покажал со прст на обесените палта.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Махинално ги дигнав рацете кон црниците. Една жена ми подаде столче.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Изговори махинално, придушено: -Дете... па тоа не сум јас... не сум јас... тоа е... тоа е...
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
И мажите и жените се пресоблекуваа во полутемнината без да водат сметка дека нешто може да им се види, го правеа тоа махинално, набрзина, жените сувите фустани прво врз глава а мокриот под него полека го смакнуваа и немаше што да се види, ама мажите не само што не се срамуваа, туку тоа го правеа и со некое задоволство, ако некоја сака да види нека види, ако не сака има раце, нека си ги стави на очи.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
„Ама јас никому не сум рекол...“ рече Влатко и се фати во лага - а што ако нешто разбрала од Теми, махинално погледна угоре и ја виде Теми - занемена стоеше - со показалецот на цврсто стегнатите усни - значи - таа ништо не рекла.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Махинално погледнав кон левата рака – по кожата на подлактицата се сјаеја влакната навлажени од пот, но „Nevada“-та не беше на своето место. Зошто?
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
- Зошто? - Затоа што сум јас од Долно Дупени, - Тоа може да ти се откачи махинално, од некоја длабока потсвест.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Чуствував како ми буричкаат во свеста и сакав да променам премногу нешта телето веќе притисок ми крена ми дојде даљинско да фрлам во екран Во главата уште ми се моташе ботокс и верглав рефрен од дебилна песна од срањето среќа во несреќа стигна ми заврши запекот се олеснив сместа Сеуште чкрапав ко луд махинално се покајав воопшто што сум се родил слегов до гранап по пиво на рецка од радијација да ублажам бол
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)