навигација ж.

навигација (ж.)

Реторичкиот топос на овој модерен шаман е наштелуван на колективно заведување, на масовна навигација во насока на една фантомска, инсценирана слика на светот. okno.mk | Margina #4-5 [1994] 93
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Пловејќи по морињата без мапи и навигациски инструменти биле принудени да ја развиваат независноста на мислите.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Атинскиот Киберпанкер, пилот, сам ги донесувал навигациските одлуки.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Достигнување макар и на предградијата на рајот бара добра навигација и планирање од твоја страна.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тешко е да не се препуштиш на целиов провинцијализам што сака да се напика во центарот на сите збиднувања, да држи говори, да се слика пред медиуми, а да не ти пропаднат сите шанси за нормален живот, зашто конците на твоето кутро суштество се во нивните раце и тие ти ја даваат единствената навигација по која ти треба да живееш, ти ја даваат единствената смисла на живот по која треба да трагаш.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)