надвиши св.

надвиши (св.)

Ел - Тепе в облак надвишил чело, шумоли тивко низ гора лист, мирисат росни цвеќиња в долој, ромори поток ко солза чист...
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Се престорува ова небо камен И скриени во него ќе останат очите што сонуваа да го надвишиш!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
И листот на кој му недостасуваше твојата јунаштина Мртов им го враќаше на своите корени Гладна за едно колено Двојно што ќе те надвиши.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Усамено на ова распаќе растеше, за да дочека колено двојно што ќе го надвиши.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
- Андоне бре, дојди ваму... - Го надвиши пеењето на пејачката пијан машки глас.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Густо збиените на ридот куќи како да се креваа на прсти и се надвишуваа една над друга: секоја сакаше да се огледа во утринското огледало на езерото.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Какво? - ја истегна шијата Танас надвишувајќи ја сета врева.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Жртвата, изложена на постојан атак одговара, во тоа е етичката утеха и охрабрување, надвишувајќи ја реалната премоќ на гонителот.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Тивкото ветре што струеше од реката го зафаќаше мазното лисје на мамутските тополи што долги години самееја спроти тврдината небаре решени да ја надвишат.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Од крајот на градината, па и од прозорците на училницата, го надвишувавме сиот пејсаж.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Неговата цврста фигура ги надвишуваше и двајцата, а изразот на неговото лице сѐ уште не можеше да се дешифрира.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тие ја надвишуваа околната архитектура толку надмоќно што од покривот на станбената зграда Победа можеа да се видат сите четири во исто време.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Куќата се тресеше кога тој слегуваше од катот, ама тој ден никој не му го слушна чекорот, не дека од страв човекот газеше внимателно, туку само затоа зашто лелекот по убиената Пинговица го надвишуваше и бозелот во дворот а не само нашите исплашени очи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И по тие ружи, што ги надвишуваа тарабите, и од кои некоја секогаш цветаше, можеше да се распознае нивната куќа во секое доба на годината.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И повторно се надвишуваа со семејството, со тоа кајче на спасот, во океанот на безнадежноста.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Пелагија се стаписа на местото, се стаписа од благиот глас на жената и полека, полека, со така да се рече надчовечки напори ја заврте главата и жената влезе во нејзините очи веднаш тука зад вратничката, а со неа и целата градина и куќичката со последното сонце плиснато по белината на ѕидовите, и вратничката се отвора на внатре, насмеаната жена ја влече натаму, ѝ прави пат за да влезат во градината Дојдете, златни, да си поседиме пред мојава врата, со денови, мори златна, да не речам со години, те гледам поминуваш од тука со момичево во рацете и со некоја голема болка во лицето, одамна сакав да те поканам да ми влезиш макар во градината ако не во куќата! и Пелагија нема сили да се спротивстави, таа дозволува мекиот допир на жената да ја води по патчето сѐ до поплочената ширинка пред вратата на куќарката каде што има малечка масичка и неколку столчиња без потпирачки наместени околу масичката и веќе седи на еден од нив, а на другиот до неа малечката Пела, и уште, уловува дека тетката седнува до неа без да престане да зборува Ако си калеша и со црно во срцето, ти си убава, и не знам дали има поубава од тебе, и по лицето ти се познава дека си и добра, твојата појава зрачи добрина! и во исто време претрчува внатре низ отворената врата и мислиш дека оди натаму а таа се враќа со подавалник на кои има чинивчиња со слатко и пресна вода во стаклени чаши Добро ми дојде, златна, во куќава, ајде, касни од слатково, јас самата го имам правено, онде од зад куќи, имам две дуњи, погледни, како сонцето што свети така и тоа свети, како твојата невидлива светлина, златна, како твојата невидлива добрина, златна, а тоа што свети во исто време и боли, мила, твојата невидлива болка, касни, заблажи се, ти ја знам болката, со денови, со недели, со месеци сноваш по уличкиве и бараш брлог оти онаа коруба сега е зграда, ене ја, ги надвишува сите куќи и вие морате да се иставите од таму, е, златна на тетка, не знам зошто, ама моето срце те одбра тебе, така да знаеш, те одбра тебе и оваа топка радост и оваа жолта заштита, вие да ми бидете радост на старост!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Собирачи на пердуви израснаа крилја во лекарска читална, надвишија кабинет по физика, за нишаа мала полициска станица и заминаа за Франкфурт.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)