налан м.

налан (м.)

Ситниот лимар затропа со дрвените налани и ме осветли со џебна запалка; ми ја раскопча кошулата и се загледа во пликовите на моите гради.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Таа станува од местото, тупка со наланите по чистото светнато калдрмче, над кое држи ладовинка стара лозница.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Таа го поткрева фустанот и гази во водата така сосе налани.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ги познава тој пргавите чекори на Садие, тропањето на нејзините налани.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Одвреме-навреме од улица ќе чуеја луѓе да зборуваат или некој со налани по калдрма ќе затропаше, а неколку пати и коли поминаа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
На портата од Алимасковци се слушнаа три одмерени удари... а преку дворот женски налани.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Јанко штом дошол до нужникот, ги оставил наланите и бос по снегот, се префрлил преку едно ѕитче.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
За време бугарско почна да се носи кусо, па чевли како налани, оздола дрвени ѓонови.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ене, во ќошот, во дворот и му дале налани.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Морав да го одврзувам скутникот, да навлечам место налами влечки на нозете, а потоа, во еден долг разговор со Парнаџиев, да го потрошам сето свое умеење за да добијам мало тавче ѓувеч место моето исчезнато тавче ориз.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ги навлеков наламите и се исправив.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Скокај Скокав од радост кога врнеше, а јас добив нови налани од Бит пазар.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)