наочари само мн.

наочари (само мн.)

Навечер носев „мачкести“ наочари за сонце.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Затоа секој што денес носи реј бан наочари за сонце, носи еден иконички знак на дваесетовековната митологија и дел од живата традиција на новата потрошувачка култура. Burbery Секоја есен и во рана пролет луѓето ги облекуваат долгите мантили за дожд, кои се знак за еден неодминлив моден имиџ.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ray Ban Еден од статусните симболи на потрошувачкото друштво во вторава половина на дваесеттиот век во секој случај се наочарите за сонце на американската фирма Ray Ban.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Оваа предвоена компанија, настаната како специјален огранок на една од најдобрите светски фабрики за стакло Bausch and Lomb, својата популарност ја стекна за време на Втората светска војна кога американските пилоти како задолжителен дел од својата опрема ги носеа и ray ban наочарите за сонце.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Како некаков намуртен виток буф тој својата публика прекорно ја посматра низ наочарите што му стојат на врвот од носот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ги мести своите скршени наочари што се држат со селотејп.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Христијанската доктрина учи дека човекот мора да го загуби својот живот за да го пронајде, и тоа не е чиста софистичка проповед од Отсекот за изгубени и пронајдени работи, бидејќи човек стварно може да пронајде нешто што претходно не изгубил: паричка во трева; порака во шише адресирана на некого; совршено добар пар женски наочари за сонце на пет метри длабочина на еден корален остров и, плутајќи блиску, палимпсестна страница од некој роман или кус расказ (повеќе читлива отколку разбирлива, барем вон контекстот, наспроти потопувањето), како некоја сирена да е прекината среде читање; сјаен нов животен партнер; наративен глас со кој може не само да се почне туку и да се продолжи понатаму и понатаму и понатаму предвидливата приказна.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Но, веќе беше со подбелена коса и носеше наочари со доста голем диоптер.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Чесната интелегенција- партизан кој што носи наочари и ја има прочитано Мајка од Максим Горки.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
А и деталот со распорениот стомак, каква е поуката, дека и да си човекојадец не е страшно бидејќи со прост, аматерски хируршки зафат, со нестерилизиран касапски нож, може да ти го извадат човекот од утробата, целосно неповреден; бабата со нејзините наочари и пантофли, а Црвенкапа со нејзината бела тантелена престилка и качулката, без ниедна трага од желудечните сокови?
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Една постара професорка со дебели наочари, какви што ги замислуваме оние од „старата школа“, кои на почетокот од кариерата на немирните им удирала заушки и ги потчукнувала со врбов стап, сега молежливо гледаше во професорот до неа, нервозно врткајќи се на столчето.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Се свртев и се засмеав – за нозете му се имаа припиено тесните розеви панталони, кошулата беше во најразлични бои, а над сериозното лице со брада и наочари се издигаше капа со два портокалови израстока, кои завршуваа со зелени туфни.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Носи наочари и носот ѝ е крив, ама не е битно.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
„А кој спомена излекување? Па овде никој не е болен, овде само секој си живее во свој свет,“ и му ги поднаместив наочарите на носот кој малку му се беше вцрвил од алкохолот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Единствено што се надевам е дека нема да дојде денот кога луѓето ќе престанат да зборат и наместо говор ќе ги користат само рацете на тастатура кои ќе станат извежбани како на секретарката у суд, а пола Македонија да носи тегли наочари тројка од што ќе си ги истера очите пред своето Пи-Си.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
- Каде? праша нивниот нов спасител, ангел чувар со поголемко меше, салам проретчена коса и наочари со дебели стакла.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Тоа што Александар, неколку пати ја имаше видено Билјана со црни наочари во тмурни есенски денови, зборуваше во прилог на тоа дека не се работи само за злобни фантазии на врснички на Билјана кои не успеале толку добро да се вдомат.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Тодор беше мал дебелко со побелена коса и наочари, кој на прв поглед изгледаше сосем добродушно.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)