недолжен прид.

недолжен (прид.)

И кога Борис Калпак се обиде да се урне со сиот бес што го собирал во грлото, во крвта, во срцето, на предолгиот пат од Кукулино до оваа куќа во која се загнезди нашата коба, во која таа коба стана несреќа на недолжни луѓе, навистина кога Борис Калпак ги крена рацете кон очите на бегот, во истиот миг кога старчето водено од претчувство се склопчи во огништето, еден од слугите ја подаде раката продолжена со црна кубура.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Освен тоа, недолжников не можел да запали борина со учкурот на гаќите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Вознемируваш недолжни птици.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Сѐ треба да се каже објективно и непристрасно: Србите се недолжни жртви на „новиот светски поредок“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Митското искуство или, подобро, трајното чувство на скриеност во него, претпоставуваат еден наивен, недолжен однос кон светот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Има тука некоја наивност, и незграпност која, на крајот, преминува во една погубна антрополошка формула: „недолжно страдање“. И што имаме со тоа страдање?
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тие, кои се потполно нејасни? Можеби демонски, можеби недолжни.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
„Да извршите саботажа, која може да ја предизвика смртта на стотици недолжни луѓе?“ „Да.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Со какви грижи се соочуваат несреќниците задолжени да им создаваат потешкотии и грижи на недолжните луѓе кои тргнале да откријат или да наѕрат барем од далеку во некој малечок дел од своето минатото?“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Коматот стаса со печењето дури по два часа, а кафето им помогна колку да се отрезнат и да знаат што јадат, пред да почнат да ја навредуваат недолжната домаќинка.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Да вмешаат недолжни, да ги принесат пред гнасните шепи на злото, жртвеникот на злото – рече старецот. – Опседнатоста е како зависта, но и повеќе од тоа.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ако си малку од малку среќлија, ќе се сликаш со некоја Викуња и на сликата нема да личиш на суров ловџија што си го истура бесот врз недолжни животинчиња.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)