обвие св.

обвие (св.)

Вистина, таа дијалектика кај него е обвиена со мистицизам, но со отфрлањето негово и со нејзиното конкретизирање врз појавите од објективната реалност, се доаѓа до нејзиното вистинско и објективно важење во природата и општеството.
„Значењето на Хегеловата филозофија.“ од Кочо Рацин (1939)
Ι Со лажна убавина ги обвива предметите и им дава облик на вистинско збивање.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Густ, бел чад ја обви неговата глава...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Зората забеле откон Будимеш, куќарчето од Јордана Алимаска беше обвиено со црнозелени димови.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И така отидов од градината и камен тежок врз вратничето кладов и трње на појасот ѝ обвив.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Сѐ е заобиколено во ѕидиштата, сѐ е обвиено во патина.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сепак, уште со првите зорнини на самракот, кога од зад Усекот и од кај Алилово се зададоа воларите, тие беа деца и нив никој не можеше да ги исмева за стравот од Турците, со нив и по нив, обвиени во думани од прав што ја креваа говедата, почнаа да се враќаат една по една и тајфите од полето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Само за миг, обликот ми заличува на заробен човек, обвиен со мека но непропустлива чаура, како инсект фатен во плунката на паукот.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Богати и сироти. I група - госпоѓи обвиени со крзно, ќерки што весело чрчорат.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Подарениот појас под неговата бедна гуња се обвиваше избледен, по боја сличен на иловицата од урнатината.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Запците на чешелот се претвора во мали ѓаволи, омекнуваа и се обвиваа околу дојките како палави, змијолики фалуси.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Понекогаш, ја заклучуваше во најмената соба над кафеаната „Боеми“ и ја оставаше да го чека, кога, околу полноќ, ќе се втурнеше смрдејќи на алкохол и цигари, хистерично се обвиваше околу него, го љубеше очајнички, збивташе како повреден пес.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Како змија ја обви жицата помеѓу прстите и ја скина.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Душкаше. Ги креваше капаците од сите чинии и допушташе пареата да му го обвива лицето со својот мирис.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Секогаш очите те посматраат, а звукот те обвива.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Црквата, иако со безброј свеќи по шанданите и со гроздови сијалици спуштени од кубето надолу со блескотна светлост во нив, како да беше обвиена со самрак, веројатно поради чадот од свеќите и темјанот.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Неколку мига, на осветленото парче во дворот, стоев во сон, предадена на млечната ноќ што ми го обвиваше и ми го дразнеше телото со блага свежина.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Сплетена по теркот кој му е познат само на таинствениот карактер, пајакот, таа е обвиена во волшебни бои.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
„Љубезни мои! Во Москва еднаш напишав „Овде је мрачно и мрак ме ’обвива' зашто наспрема ’чудесната пролет’ на нашата татковина, како што рече брат ми Димитрија, сѐ друго е во магли и во мразој.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Еразмо избезумен се затрча кон змијата, но одненадеж се најде обвиен од нејзиното тело.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК