обере св.

обере (св.)

Да ти пресечат нос, јазик, уши, па глава, или да ти дојдат ноќе па да ти го оберат дуќанот, да ти ја запалат куќата.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Избегнував да се сретнам со децата од улицата и се прашував - како Пенчо успеал да ја обере недоверливата старица?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Господе, ме обрал, неспокојно извика таа и притрча до вратата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Прашав едно од децата - зошто се расправаат. Тоа ги собра усните; вообразено објасни: - Мајка му на Димка ја обрале.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
На селаните им се видоа сомнителни овие луѓе. – Сигурно не гледаат да ни ги оберат ќесенцата вечер по Слива – рече еден од старците, кога се оддалечија од нив агите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Сега го обра бостанот зелен! - потфрли некој.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- „Го обрав бостанот! Да ги видев порано, ќе се скриев негде крај патот во трњето.“
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Ги размавта рацете и потрча да ги обере златните праски, златните цвеќиња, за да не ги соберат утре соседите.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ама, таман ние растовариме, и еве ти и агите озгора стената, припукаа на нас, Бре, ќе не јадат пците едни, бре ќе нѐ оберат, ќе ни и земат добитчоките.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Овдека, од овие блиските села сум од Ореовец, ако си го чул — одговори Горѓи Ацев, кој за првпат беше попаднал во затворот, бидејќи ги бунел селаните да не ги оставаат прилепските чорбаџии и бегови да си ги оберат лозјата, додека не платат на селото по десет гроша на дулум.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На тоа ги притегна и една друга несреќа:на празникот на новата Месечева година, 823-та, ајдути ги обраа нивните магази во бизистенот во Битола.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тогаш, кога Акиноските за прв пат се доселија во Потковицата, се пронесе глас, но тоа не беше вистина, дека султанот, Мустафа Челеби, Лажниот Мустафа, (1419-1421 година) за да им го остави Имотот, им понудил да преминат во исламска вера, но кога тие го одбиле, се разгневил и им заповедал на властите да им ги оберат магазите во безистенот во Битола и да ги протераат во Потковицата - за заедно со другите раетини да работат за него.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И од гуша, и од раце, и од уши, целата ќе ја оберат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нѐ гледаше, нѐ гледаше, ја заврте главата едно време и туку рече: - Го обравме бостанот.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Сонцето во полето на памукот го обра бостанот.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Да постоеше, досега стопати би ја обрале.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Тогаш Едо престана да прави бељи тука во градот, ама не поминало многу време и ќе чуевме оти што во некое село некому му го испразниле амбарот, во друго село ноќе некому лозјето му го обрале, коњи се украле, пари се украле...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Народот го подбраа, го собраа, го обраа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ако немаш среќа во купувањето, си го обрал бостанот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Одењето во црква на миса и на молитва може да биде желба и истата, еден ден под влијание на волјата, да престане, (во таков случај, си го обрал бостанот зелен), но ако е нужна потреба, тогаш тоа може да ефектуира со позитивни резултати затоа што врз нужната потреба волјата не може да влијае, па колку и да е цврста.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Повеќе