обред м.
обреден прид.

обред (м.)

Роден во планинско место каде што живее племе Од смртници смешни: веруваат в Алах и Христа, мешано празници слават; и оџа, и поп на гробиштата заедно исти обреди свештени прават.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Точно и навреме ги вршел сите молитви и свегатени обреди, но затоа уште поточен бил во работата околу лозјата, бавчите, маслинките, смоковите градини итн.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Мермерната мастилница со две црни очи беше варварска маска за туѓинските обреди.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Само на еден рибарски чун има мала свеченост: на домаќинот еден поп му го „светеше“ чунот по верските христијански обреди, му пожелуваше со него да плови среќно и да лови риба за да живее и да се богати.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Овдека, на обележаното место, до подигнувањето на црквата, во времето на Преродбата, под отворено небо ги вршеа религиозните обреди и ги опејуваа своите мртви.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ете, луѓе, работата што ја свршија Хаџи Ташку и дружината, ние му ја претставивме на небето, по тоа сѐ тики има очи да види и ум да пресуди, вели Максим Акиноски кога го завршуваа обредот и затварајќи ја книгата и гнетејќи ја потоа в пазува под мишки.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тој чекорел во свечена осаменост на обред во кој се кадат со темјан слабушкавите за битка, всушност не ги подавал рацете кон копнежи туку со здив, со чело, со врелина во врвовите на прстите џбарал слободен простор по чии невидливи врвици можело да се стаса до златни бранови на 'ржено море а во нивната лелеавост да се живее и да се чека на доаѓањето на русалките и девојките; со нив ќе е и таа, Ганка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Гаргантуовскиот но и макабричниот обред се одвива во ресторан со сличен штимунг, како епилог кон европската консументска култура.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Па сепак, Бојс од уметничката изложба побргу создаде свет општествен обред отколку некаква самопослуга.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Јас уништив, нападнав, критикував, жртвував еден прекрасен народен обред за да ја добијам, да ја привлечам Луција со спротивно мислење; јас бев готов да ја продадам државата за неа; јас, во суштина, лажев; на сила бев предавник на народното, само за да ѝ го свртам вниманието на Луција.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„А ќулафката?“, прашав. „Денес, кога јас фрлив камен, тој се сврте кон грмушката во која бев сокриен и јас видов дека ја носи истата ќулафка како и на обредот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Таа клечеше пред мене стрештена; побледе; потем стана, понижена, ја зафрли бесно косата на грбот со едно движење на главата (беше расчешлана, подготвена за следната точка: бабарскиот обред, каде требаше да биде невеста), и рече: „Добро, Јан Лудвик.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Беше решен да се вгради во таквото расположение за денеска. Извесен обред беше неопходен.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Солта се втиснала во гените во парењето и спермата во плазмата и солзата во обредот и магијата не само за да храни ни за да конзервира туку за да подјадува и самата овоплотено време да впива сѐ што ќе допре сѐ што ќе шмркне малку по малку, до крај!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Имате маестрална меморија на потеклото (и шизмата ви е промислена!) инстинктивна, интуитивна, прецизна недвосмислено втисната во гените мрестењето е обред на жигосување стариот се вбризгува во новиот свет на седумстотини метри под морската површина, јасно е - езерото не ви е доволно длабоко ни за да се оплодите, ни за да умрете!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Го следи градењето на вториот Храм по ослободувањето од вавилонското ропство и првиот обред на либидација, на полевањето со вода на жртвеникот, изразот на желбата за добра дождовна сезона и богат род на полињата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Прашањето на границите е тесно поврзано со прашањата на државата, етницитетот, транс­ националноста, граничните симболи, ритуалите (преодни обреди) и идентитетот.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи