обука ж.

обука (ж.)

Идеолошка настава, што се вели, и воена и духовна обука.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Избираме тактики, стратегии, тераме на вежби, на обуки.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сега кога размислувам за тоа, верувам дека поради таквата метода мојата обука не беше успешна, затоа што доцна дојде до мојата полна ангажираност која беше неопходна за да станам волшебник.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Тоа е резултат на првокласната обука што во денешно време им се дава во Шпионите - подобра дури и од моето време.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Едо служеше војска во Пеќ, во Косово и, по завршувањето на шестомесечната обука, беше испратен во истурената единица на Југословенската армија во селото Исток, исто така во Косово.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Меѓутоа, размерите што ги беше зела ВМРО со дејноста на својот легален и нелегален апарат беа толку големи што ЦК, да беше составен дури од професионални револуционери, пак не можеше да одговори на созреаните потреби за пропагандата, агитацијата, подготовките, обуката, камоли пак да раководи со револуционерните дејствија во цела Македонија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Црните стрелки беа кампови за обука.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Важно ќе куртули од обука и останатите понижувања.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Четврто, усвоена е одредбата според која лицата кои не се осигуреници, но кои се здобиле со инвалидност под наведени околности во законот (на пример, ученици и студенти при практична работа или невработени лица при стручно оспособување, преквалификација или доквалификација), или кои зеле учество во одредени активности (елементарни непогоди, обука по покана на органите на одбраната, културно-уметнички манифестации и натпревари и друго) имаат право, преку професионалната рехабилитација, да се оспособат за работа на работи според стручна подготовка стекната со школување пред настанување на инвалидноста (чл. 15).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Со воведувањето на квотите се изврши и категоризирање на работните дозволи за следните пет цели: а) вработување на странци во Република Македонија; б) странци преместени во Република Македонија; в) обука и доусовршување; г) сезонско работење на странци и д) поединечни услуги од странци (чл. 5, ЗВРС).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Медијатори можат да бидат адвокати, дипломирани правници или лица од друга професија, во зависност од видот на спорот, кои завршиле обука за медијатори и ги исполнуваат условите од овој закон (чл. 10, ст.2 од ЗМ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На ОСС ѝ биле потребни информации, обука и искуство што Британците веќе ги имале.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во меѓувреме, се појави желбата на мојот газда: да ме прати во Англија на дополнителна обука за работата.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Мангупот стана мангуп и пол, а јас пропушив цигари, со обука на Црвот од класот, за на детски начин им покажам на сите, ете, колку боли.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Таа беше стујардес во аир Франс, па токму во периодот кога ти беше тука таа беше на некоја двенеделна обука во Сингапур.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
- Командно место на полигонот за обука... - Јас сум, вториот...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Работодавачот оваа обврска ја има пред да ги додели работните задачи на овие работници, посебно при суштинска промена на работните услови, при што мора да води сметка за изложеноста на физичките, биолошките и хемиските фактори и влијанија, како и видот, опсегот и начинот на користење на работните средства, постапки и организација на работата, нивото на стручна подготовка и обука на работникот.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Воведена е и забрана на штрајк во Министерството за внатрешни работи во воена, вонредна или кризна состојба и во Армијата на Република Македонија во воена и вонредна состојба, како и во случај на извршување меѓународни договори што се однесуваат на вежбовни активности, обука, мировни или хуманитарни операции.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи