одлучи св.

одлучи (св.)

Одлучете меѓу нас. Не сакам подвоени ученици. И соработници.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
И кога најпосле Дукле дефинитивно одлучи да ја остави, таа, се пофати за мевот и му рече радосно: - Трудна сум... Дуклета радост го облеа, се возбуди.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ако не сакаш дебела жена, тоа си требало порано да мислиш, кога си се одлучил да ја земеш...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
- Ќе одам да го барам. - одлучи баба ми.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Татко ми беше на тридневен пат до Љубљана и јас одлучив да се посоветувам со мајка ми, надевајќи се дека таа ќе знае да ми помогне на некој начин, зашто веројатно од тие нејзини книги за воспитување на децата од предпубертетска и пубертеска возраст, сетики нешто научила.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Едногласно одлучија од тој ден да им бидам капитен на тимот и водач на „бандата“.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Но Аврам Сујак му рече луто: - Чув, полковниче, дека сте одлучиле да нѐ приклучите кон Албанија... Стивенс молчеше разгледувајќи ја кожата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
А вестите се редеа: Конференцијата на амбасадорите во Лондон, врз основа на извештајот на Комисијата на 6 декември 1922 година одлучила спорната зона да ѝ се додели на Албанија.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Човековото одлучување е вгнездено во мрежа од шеми, така да еден соодветен процес базиран на такви шеми од кооперативни пресметки, подобро од логиката го карактеризира менталното поведение.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Да му се довери на некој друг работата на желбата, верувањето, љубовта, одлучувањето - не значи одрекување, туку тоа е стратегија: правејќи ја од него својата судбина, вие оттаму ја црпите најпрофинетата енергија.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тие можат да се опишат како услов на “транспарентност” во терапискиот систем, и тој е дел од контекстот во кој индивидуите се поспособни да одлучат, самите за себе, како ќе ги примат реакциите на терапевтот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во културната екологија процесот се нарекува trash- изација. Paul Fussell, еден од најлуцидните современи американски “културни еколози”, се одлучува за нова, проширена дефиниција за ѓубрето, за BAD.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Невротичниот пациент, којшто на некој начин се определил за еротското тело наспроти автоматската активност на своето соматско тело, или подобро речено, којшто одлучил да допушти тоа соматско тело да функционира единствено во корист на неговото еротско тело, често има тегоби поради постојаните противречности меѓу инстинктивните сили и нагонскиот живот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Возможно е Хајдегеровото дело подобро да се претстави on-line, поради можностите на хипертекстот - да се оди на разни нивоа, да се разгледаат алтернативи, наместо да се одлучува кое е најдобро издание.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Таткото одлучил момчето да го изработи својот прв женски задник во животот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Хичкок: „Занимливо е дека продуцентите, по многу премислување, одлучија Уцена да биде нем филм, освен последната ролна, бидејќи тогаш некои продукции се рекламираа најавувајќи „делумно звучен филм”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Значи, одлучив да го овековечам моето слабеење и истовремено да имам и улогичка позирајќи за фотографиите „пред” и „после” курата на слабеење.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Бидејќи тие очекуваат нештата пред да бидат одлучени добро да се продискутираат, секое скратување на процесот ги прави да се чувствуваат ускратени или дури измамени!
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Одлучив да останам тука. Кога погледнав преку Подот на смртта, видов колку сум празен.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Ерик се одлучи за таа варијанта.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Повеќе