организира (св. и несв.)

Со научни прашања не сакаат да се занимаваат, но затоа се убави организатори: можат да организираат лотарии, да пропагандираат некоја работа, да организираат некоја вечеринка со добротворна цел, без да му гледаат многу многу оти со неа ќе се оскандалат и себеси и идното поколение од бугарски студенти во Петроград.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тој беше сѐ уште во Софија кога почна организирањето на оваа дружина, па не е чудно што толку активно се вклучи и во организирањето на Ученичкото друштво „Вардар“ во Белград (1893).
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Организирањето на вечерните училишта за Македонците печалбари, основањето на јадрото од коешто израсна Младата македонска книжовна дружина и остриот судар со бугарските власти на Стамболов, затворањето и потоа бегството во Македонија – зборуваат дека Груев навистина бил „во бројот на сепаратистите”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но тоа беше негова грешка: не си го организира својот дочек.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
МЛАДИЧОТ: Организирајте го Вие само среќавањето со Ѓорчета, па после барајте од мене што сакате.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ИВАН: (Доверливо.) Луков доби задача, во најскоро време и со стопроцентна сигурност да го организира убиството на Ѓорчета Петров.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
- Треба да се организираме, да се наоружаме - продолжи Даме Груев.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Гледате како ја осигурил и организирал врската со заднината!
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
„Киро е“ -заклучи Бојан. Со него Бојан често се наоѓаше на Рамни Ливади, каде организираа борби на бикови, кочови или, пак, се натпреваруваа во галопирање.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
За овие дваесетина — триесет дена Толе организира известувачка служба од сите села, та уште кога Бахтијар излезе од Прилеп, тој ја разбра работата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Со новинарство и тоа професионално се занимава уште од есента во 1944 година, не сметајќи ги дните од оганизирањето и соработката на „Народен билтен“, орган на велешката партиска организација во 1941 и 1942 година.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Беше организиран општ преглед, одоко, и стриче Силе Николоски од момче на момче се задржа на несреќникот, ќе му рече: - Море момченце, ти нешто многу лошо ми изгледаш.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Џандарите не успевајќи да дознаат кој ги организира момчињата да бегаат од српската војска, или кој рекол да се сокрие добитокот и живината, или житото и добиточната храна, ги собираа мажите на срецело и душмански ги тепаа, на живо им ги солупуваа кожите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
— Учев во Демократската армија на Грција, велам. Организиравме курсеви.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Како ги испраќавте информациите во Југославија, што агитиравте меѓу Македонците, како организиравте дезертерства?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Ако организирав дезертерства, велам, и самата ќе бев дезертер.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Зошто, ако му кажам на татко ти дека за неговиот артритис е потребно движење, јас сум здодевна, ако тебе ти речам дека мораш побргу да го организираш својот самостоен живот, нервозно реагираш дека сум неподнослива.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ќе основам и организирам Балкански форум за човечки права.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Имаше и предлози, ако не се фати Чанга жив, да му се организира, „монтира”, судски процес, со двојник!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ние организираме задруги, тие ги бојкотираат, ние создаваме кооперации, тие ги бараат дуќаните.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК