отме (св.)

Нема со што да се отмам, да се задржам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Вистински стравував дека може да ми ја отмат.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Водата на Пребег лете има примамлив глас, незадржлив. Тешко да му се отмеш.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ќутеа така неколку време, дури Франц не се отме од замисленоста.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Штом сенките некој ни ги отме Зарем нема да станеме глуварче (најпослушно дете на тишината)* што најдробен ветрец го соголува?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Не може да се отме од некое гордо чувство дека сам дојде до овој мил предмет, за кој мислеше дека никогаш нема да го добие без туѓа помош и смислување.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Оти таа умее и да ти се отме Токму во моментот кога ќе поверуваш Дека ќе можеш да ја опчекориш.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)