оцрта св.

оцрта (св.)

Се изви по прашниот пат надолу нејзината колона, песна се огласи по полето и долго низ зелените перки на пченките светкаа белите шамии на бригадирките, а високо на синото небо се оцртуваа лопати и копачи. Малиот водоносец остана сам на празната полјанка пред логорот.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Наблизу весело шумолеше Вардар, а во далечината, низ модрикавата завеса на првата мугра, се оцртуваа темните горостасни купи на планините. ***
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
И пак се загледуваше надвор во честата темница, кај што нејасно се оцртуваа дрвјата и контурите на планините.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
— На лицето ѝ се оцрта задоволство, дамарите ѝ се разработија и доби сила и кураж што побргу да стигне до постелата, да легне и да го погледне тоа стаорче што сакаше да ја отера в гроб.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мајка му распремаше по куќата. Нејзината сенка се оцртуваше по ѕидовите.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Познато е дека Истанбул е милионски град, со вонредно живописна панорама, со море кое завлегло во неговите пазуви, што широки и тесни улички и сокаци со мермерни куќи и облакодери и со дрвени куќарки, град кој лежи на два континента, каде што најрелјефно се оцртале европското и ориентот, град со џамии и цркви и еврејски синагоги, сараите на турските падишаси и султани, со споменици на едно блескаво богатство, на еден раскош и пропаѓање на една петвековна империја, која ја докрајчил стариот и изнемоштен старец - султанот Решад...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во таа шарба од зелени нијанси се оцртуваше само една женска прилика во бел фустан и се чинеше како сето тоа да е едно големо сликарско платно.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Но рокчето сѐ повеќе растело и уште повеќе се оцртувало под капата испупчувајќи ја, и уште повеќе паѓало в очи.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Покривите од манастирските објекти правеа чуден декор наоколу, а лисјата од дрвјата го оцртуваа својот црн хербариум под месечевото небо.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Седи на креветот потпрен со перницата на грбот и гледа низ прозорецот: надвор ноќта е темна, опустена без ѕвезди; затворена сама во себе; се оцртува по некое дрво во градината како оглоден скелет; допира грозен глас на петел како фатен за шија.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Освен пресудниот критериум, квалитетот на напишаното, т.е. уметничката кохеренција, важно ни беше да ја оцртаме токму комплексноста и, пак, различноста во писателските приоди кон тој кај нас недоволно развиен „жанр” на тнр. „урбана проза“.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Но тој презрив поглед во очите на овој студен деловен човек, се оцртуваше сѐ поотсечно и понеповратно.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ми се залепи за свежите плускавци и полека се движеше, а на страницата под него, една по една, почнаа да се оцртуваат големи, убави и чисти букви.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Црвени сенки му играа по лицето. Брадата му се оцртуваше во профил убаво заоблена.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Далечниот Пелистер одвај се оцртува, нежно, бледолилав, крушовските планини, таму кај што заоѓа сонцето, ги прекрива просто една трепетна виолетна завеса, сенките наваму стануваат сѐ поизразити и позатворени, се гледа секое прозорче во градот, во кој се издига на безбројно места темното зеленило на тополите.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Иако неговиот фах не е портретот, ами мртвата природа, пред неговите проникновени очи веднаш се оцртуваат неколку леки линии на нивната судбина.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Границите не само што ги оцртуваат постоечките 55 разлики, тие исто така и ги создаваат.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Брчките на лицето ја оцртуваат нејзината старост, а годините небаре и ги поткрепува патерицата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Се загледа во полната месечина на која се оцртуваа линии на човечко лице: нејзе ѝ се причини дека тоа лице првин ѝ се насмевна со подбив и закана, потоа се смршти, се стемни, дека светлината истече низ некој дол од другата страна на темната планина чии сртови едвај се забележуваа како грб на огромна камила.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Нејзиното тело јасно се оцртуваше на завесата благо осветлена од уличните канделабри.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Повеќе