пак (прил.)

Затоа словенските букви се посвети и подостојни за почит, зошто свет маж ги створил, а грчките, пак, букви многубошци.
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
И како што се размешаа јазиците и наравите и обичаите, наредбите и законите и искуствата*: на Египќаните - геометријата, на Персијанците, Халедеите и Асирците - астрономијата, гатањето врачањето, маѓепсувањето и секаква човечка вештина; на Евреите пак, светите книги, а во нив е пишано дека Бог го создаде небото и земјата и сѐ на неа и сѐ по ред како што пишува; а на Грците - граматиката, реториката и филозофијата.
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
Ако, пак, некој рече дека не ги донаправил добро, бидејќи и сега се доправаат, и на тоа ќе одговориме: „Исто така и грчките многу пати се поправани од Ахила и Симаха, а потоа и од мнозина други.
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
Пак зема тесла и отсече ми главата, и не могох веќе да си подигнам главата.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
А тие кои имале грехови, пак се покајале, блазе на них! Они ќе да се со правите у рај.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Ти велев често: „Кузмане не ризикуј ти живот, не влегувај во бојот пак!"
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
И пак го наведнува, како овената трева, зашто чеканиот не е.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
На Радета Стајко му беше единствено дете; Ти, пак, Стајковата надеж.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Поорале уште една бразда, пак Велко беше се опулил и бидејќи дете, пак му свикало на деда си: „Дедо, дедо, ете го штркот зад тебе, заврти се да го видиш.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Летнал вамо, летнал тамо, прокљакал и пак се искапал, па се сторил човек.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Треќи пат пак беше му рекол Велко на деда си: „Тате, тате, види го штркот до тебе.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Но тоа делење пак беше на големи делови или народни групи, како, на пр., индоиранската или ариската, германско -словенско -литовската и др.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но сојузните со Бугарите словенски полчишта во очите на непријателите, т.е. на Византијците, беа пак бугарски. Значи, Византијците фатија да ги прекрстуваат Словените уште од времето на Аспаруховата орда.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Пак доаѓам при вас, о врвови вишни, по планини жедни, низ безводни спили, да видам јас скрки и долинки скришни што крвта ги багри на јунаци мили.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Зелениот здравец и горските цвеќа што дење и ноќе ве следеа верно, по смртта ви дарат пак чудесна среќа над вашите гробја наведени смерно.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Бугарија и да водеше „самостојна” и „национална” политика, т.е. да беше орудие на Тројниот сојуз против Русија, пак немаше да направи нешто, зашто сега ги нема тие натегнати односи помеѓу нив што беа при Стамболова.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако се вратам жив и здрав, пак тебе ќе те земам… Се разбира, ако ме чекаш…
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Значи, започна… Пукна првата пушка… Долгот кон татковината… (Се засмејува и пак се изгубува)
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
КОСТАДИН: (Си дојдува на себе). Ете, пак жива вода станав...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
ПОЦКО: На здравје, куме, на здравје! (Му ја полни чашата пак со ракија.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК