палавштина ж.

палавштина (ж.)

На стариот Караман оваа детска палавштина не му се допадна, па почна да ‘ржи, да се отима, додека Стрела, која беше летошно кутре, ја прифати оваа детска лудорија како знак на највисоко внимание .
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Креваме така палаври, палавштини. Презелена работа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ја подига главата, стресувајќи ги навредливостите, од палавштините на Јужниот сосед...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)