патка ж.
патка несв.

патка (ж.)

Попот од нашето село има нос како патка, долг и жолт.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Неговиот поп личи на патка. А оџата твој? Оџата што е - дроздалец?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Никој не вика тогаш. Луѓето не викаат и не се тревожат ни кога галебите и дивите и питомите патки ја гонат и ловат плашицата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сонцето како течно злато се разлеваше по водата, блескаше, ги опсенуваше очите; Висар тешко се приспособуваше кон таа силна светлина; од шумот на веслата дивите патки пркнуваа пред нив и се преселуваа понастрана барајќи мир и спокојство; Висар му го вртеше грбот на сонцето и ѕиркаше во водата која ги менуваше боите спрема длабочината на езерото и гледаше во јадиците и канџите што ги спушташе Трајан; кога ќе се занишаше конецот, Трајан го креваше нагоре, го собираше и му даваше знак на Висар дека е фатена риба; Висар трепереше од радост и ѕиркаше во водата да ја види рибата; кога рибата, влечена нагоре, ќе дојдеше во погорните води, ќе почнеше да разлетува и да шета дè ваму дè таму, правејќи секавични движења и обидувајќи се да го скине конецот; но колку што конецот се собираше и ја доближуваше до чунот, таа сè понемоќна стануваше, ги скротуваше своите напнувања, чувствувајќи болка од јадиците и канџите во устата; тогаш Трајан отсечно ја тргнуваше нагоре, а Висар го потклаваше оршето под неа и ја внесуваа во чамецот; потоа го проверуваа другиот конец и почнуваа да го тргаат и собираат; рибите скокаа во чамецот, пласкаа со опашките, подзинуваа по воздух, а потоа се отпуштаа и се смируваа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Претоварени со грозје, леб печени прасиња, кокошки, патки... Купишта месо и леб.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Навечер воларите се враќаа со полни капи јајца од диви патки и од диви гуски, а во неделите и празничните денови луѓето со кошници тргнуваа низ Беговски ливаѓе за да собираат јајца.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ги запреа коњите разгледувајќи го одблизу манастирот, восхитени од неговата убавина, кој извишен на карпата над езерото и опкружен со зеленило, се чинеше како да лебди над водата во дланки господови; езерото под него поигрува, одблеснува на сонцето и полека ја заплуснува карпата; лево од манастирот под падината на планината, клокотат огромни извори и исфрлаат изобилство вода која плавно, широко се разлева правејќи езерце што го обградува пошуменото островце пред да го пресече патот под мостот и да влезе во езерото со бучеж; на дното од мирната вода во езерото се прелеваат разнобојни алги фаќајќи ја светлината од сонцето што низ бистрата вода продира до нив; на островцето столетните дрвја ги раскририле гранките спуштени до самата вода во која фрлаат зелени отсјаји; по водата пливаат патки и лебеди, кои вознемирени од тропотот на коњите, се оддалечуваат повнатре во езерото оставајќи долги, меки бразди зад себе; на ледината крај изворите пладнуваат купчиња овци како бели, отворени цветови.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Потоа ги врза со уздите еден за друг, му се качи на средниот и ги спотера сите три по патот низ селото; коњите испијанети и потсилени од камшикот што им плускаше крај ушите, јуреа низ селото како бесни, креваа прав зад себе, газеа кокошки, патки, мачиња, кучиња и секаква живинка што ќе им се испречеше на патот и опкршуваа со сета сила по сокаците; прислужникот Геро потскокнуваше на средниот коњ, ги стегаше цврсто в рака сите три узди, плускаше со камшикот и викаше силно.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
А каде ќе завршам - во срцето на остарениот љубовник, во телото на непријателот, или во некоја пријателска дива патка - сосема е небитно.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Што уште се случи? Вообичаени работи: ги пресушивме резервоарите на вода; демек првпат вистински ја разбравме музиката; расположението ни зависеше од тоа дали патките се движеа кон нас (радост) или од нас (разочарување).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ние сме во средиштето на случките и патките 79 дојдоа да гледаат.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Суштеството без очи, со глас на патка, никогаш нема да биде испарено.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Летале над езерото, пловеле во него и птиците шатор, кречман, белец, дива патка, превез, креја, гуза, шчипче и шатка, а обично во есен пловеле и летале дивите патки во јата до сто двесте, често проближувајќи се до брегот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Силно „граак“ на острогледната гуска ги растера неколкуте ситни сиви патки во безуспешниот обид да ѝ се придружат.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Гитарата беше ставена во торба направена од зелена патка, а ако го сфатите ова значење, веднаш ќе ви текне дека Сем Галовеј беше Последниот од трубадурите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Носеше волнена, синкава кошула, запетлана напред со бисерно-сива и претерано нагласена врвка, со неуништлива кафеава облека од патка, со неизбежно високи чизми со мексикански мамузи и мексиканско сламено сомбреро.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
По вкусната вечера, Сем ја откопча торбата од зелена патка и ја извлече гитарата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)