патолошки прид.

патолошки (прид.)

Апстиненцијата, дури и кога оргазмот е можен, исто така може да сведочи за патолошка психичка организација.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Оргазам е можен и тогаш кога постои расцеп во психичката сексуалност, како кај повеќемината перверзни, и може да биде знак на патолошка психичка организација.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Разликата е значајна, бидејќи патолошката сексуалност не подразбира отсуство на оргазам, и обратно, иако во најмала рака звучи парадоксално, постојат непатолошки сексуалности без оргазам.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Овде ризикуваме по малку избрзан „редукционистички” одговор, што секако би требало пошироко да го разгледаме и да ги сместиме тие три етапи во пропорции со трите етапи на она што би го нарекле либиди­нален концепт за субјектот во граѓанското општество на XX век: постои индивидуумот на „протестантската етика”, потоа хетерономниот „човек на организацијата” и најпосле денес надмоќниот „патолошки Нарцис”; меѓутоа, ако така наречениот „слом на протестантската етика” паѓа во триесеттите години, тогаш во текот на педесеттите години „човекот на организацијата” почнува да отстапува пред „патолошкиот Нарцис”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
- Овие три етапи можеме да ги проследиме во развитокот на детективскиот роман: класичниот англиски роман на „логика и дедукција“ е сѐ уште сврзан со протестантската етика, меѓутоа американскиот „тврд (hard-boiled)“ роман имплицира пропаѓање на протестантската етика и пораст на „хетерономната“, кон-другите-насочена индивидуа; повоениот „злосторнички роман“ напишан од перспектива на жртвата или на извршителот ја вмешува субјективната позиција на „патолошкиот Нарцис“, изопштеник за кого темелниот социјален Закон се нивелира на рамниште на незадолжителното „социјално правило” - „Не убивај!“ има подеднаква вредност како и „Не го повишувај гласот во друштво!“ и другите правила на убавото однесување што ги кршиме затоа што „некојпат не може поинаку”; така, Thomas Ripley, ликот од серијата на романи на Patricia Highsmith убива ако е тоа потребно, и по убиството нему навистина му е лошо зашто морал да биде толку груб...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ние просто избираме еден поинаков, некому неразбирлив заеднички идентитет, кој ниту индивидуалното ниту националното не ги признава како ултимативност, кој им се спротивставува на патолошките еготрипови на поединци, кој впрочем лежи врз трагата на постмодерните промислувања за отуѓеноста и немоќта на поединецот да влијае на процесите околу него.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тој можеби израснува од некој вид патолошка личност, но и понатаму тоа е нејзиниот код.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Постојат различни мотиви за ваквиот вандализам - политички, феминистички, теолошки, естетски, патолошки итн.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Решението, пак, не е замена на едниот став со друг, а уште помалку “поправање на светот”(само ќе ги влошите работите), туку напуштање на самиот обид нештата да се обликуваат според мерилата кои доаѓаат од сферата на субјективното, т.е. патолошкото.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Затоа уште пожестоко избива во патолошка форма, како ресентиман што се храни со приватно озборување.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Бурниот живот, секојдневната напнатост во создавањето на државата, во нејзиното одржување, ги беа оставиле длабоките траги, но ја беа подзасилиле, можеби до патолошки димензии, опсесијата на владеењето, неговото верување во неприкосновено месијанство...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Од пред извесно време почнав да читам исклучиво стручна литература од областа на психологијата, односно (да не бидам еуфемист) психијатријата, и откако се пронајдов во, речиси, повеќето патолошки случаи, дури тогаш маф ми беше работата.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Имаа патолошка позадина, во позиција на вид испомешани комплекси.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Патолошката душевна состојба на која упатувале тие поими подразбирала истополова сексуална желба, но не се сведувала само на неа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Гневот и жалоста можеше јавно да се потврдуваат и да се изведуваат токму затоа што не искажуваа некоја особена, индивидуална, лична и можеби патолошка внатрешна состојба што ги тишти геј-луѓето.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)