пелерина ж.

пелерина (ж.)

Стои меѓу восочните луѓе од репродукцијата на Рембрант, поклопен е со црн шешир и завиткан со црна пелерина.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Седум генерали, ни големи а ни мали, под еден се мустаќ тежок; раце шират - в преграб жежок го стискаат царот питач, со него и принцот клепкав, царицата боса, лита, принцезата нос што чепка, танка и со фустан скинат, и уште и песот царски, со некоја муцка луда, но со меч и пелерина...
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Пудлица: вистинско нежно прекрасно суштество: куса глава, куса муцка, високо кренато чело, јадри очи со убави веѓи, долго влакнесто руно префрлено преку вратот и нозете како пелерина.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Сакам да ја калам волјата на возвишености, на непредвидливото и недофатливото, на крупни мисли, да одмавнувам на секојдневните кавги, во срцето да носам свечени двобои и пелерини.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Со бастун во десната рака, а пелерина или мантил во левата.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Имаше големи, сини очи Марин Крусиќ, посини од езерската вода, меки чизми со реси, панталони набрани под колената и топла пелерина малку непотребна за овој дел од годината, и за ова поднебје, но сето тоа уште на прв поглед го издаваше неговото дубровничко потекло и работата со карваните што пренесуваа восок и волна за Леш и други градови во Албанија.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Со едното раскошно крило, распослано како ладило и влечејќи го по земја како тореадорска пелерина, прекрасната птица скришум ѝ пријде на кокошката, ја зграпчи со мудар стисок и за космички миг ја забоде на земја, нешто што кулминира до точка на вечно топорење и гордеење.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Томето беше во едноставна сукња со нежна, фланелска блуза, стегната во темно син мантил и темно сини чевли на ниска потпетица, а Христина имаше многу убава пелерина која ѝ ја беше сошила Томето.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Преку плоштадот Владас продолжив до почетокот на мостот, малку со одење и со желба понекогаш да останам во куќите или по излозите, кај преоблечените момчиња или фонтаните со високи јунаци со побелени пелерини, Тадео Аланко и Владислас Нерој, пијачи на токај и чембалисти.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)