пиштол м.

пиштол (м.)

Се задале сватовите од под село да идат: нункото напред со ургулицата в рака, по него зетот и сите сватови, свирејќи со гајдата и фрлајќи пиштоли дошле во Божинови дворови.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Застанал зетот пред врата и сите сватови на коњи, наметнати со белите јапанџаци, на главите фесови тунузи преврзани со белите чалми, опкачени сите со пиштоли жолтомедни, а на нозете сите со скорни црвени.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Овој малиот е на него. (Му брка во пазувата и вади пиштолче) Гледаш, уште од сега пиштол во појасот ставил.
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Ако си ага и имаш пари, имаш власт- сила, можеш да заграбуваш ниви, лозја... та треба ли и сѐ што е убаво да биде твое—и девојките?! (Го фаќа за гуша и го оборува на подот, потоа го вади пиштолот).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Да го видиш во оние алишта дебарски само со гајтани, ќостег од срма до рамото, нож и пиштол од сребро, а саат од злато, појас свилен, па на него шамивче свилено пред себе.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
И затоа, кога Доста проговори, санким „царска ќерка се родила“, Митра веднаш се фати за пиштоли: — Уууу, невесто Досто! Кој ќе чуе ка ќе рече!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Јадоа сватовите, пиеја, играа, фрлаа пушки пиштоли, изгореа петстотини ракети од разни бои, — и за напад, и за отстапување, и за примирје, — и веќе предзори едни си разотидоа, други капалдисаа и позаспаа околу трпезите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На појасот напред му беа вкрстени два пиштола со сребрени дршки, а на колкот му висеше крива тогашна сабја.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Во појасот тој стави пиштоли, на колкот јатаган и на главата кожениот калпак на деда Гера, којшто го поклопи до под носот.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Брадјосаниот човек ја префати пушката, со другата рака го поткрена појасот на кој му тежеа пиштолите и откако се подисправи, рече: - Чии сте вие?
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Молчи. Сигурна е во себе зашто ја научиле за одбрана пребрзо да извлече од ученичката торба пиштол и да пука во месо.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Сите ги прегледуваа пушките и пиштолите скриени од очите на Суља зад големите карпи, држејќи цела редица врски со очите еден во друг.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
– Да им тргнам по еден пиштол в чело? – беше првата мисла, но му се виде блага казната според престапите на осудените.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
На деветтиот ден од разговорот се движеше по штавичкиот пат колона од петнаесет коњаници и сто и педесет пешаци вооружени со пушки, пиштоли, јатагани и долги маздраци.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
ФЕЗЛИЕВ: Така значи... работата е толку заплеткана што треба и пиштолот да се повика на помош?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Се разбира, дури да се вратат моите куршуми. (Го остава својот, празен, пиштол врз масата.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
(Изнервиран.) Остави го, ти се молам, пиштолот. Ти така несмасно ракуваш со него, што би можело и несакано да направиш нешто.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Едно одделение од оние борци во англиска, или германска, или италијанска, или измешана од сите униформа, со шмајзери на градите, одело секогаш околу него, едно одделение партизани, штотуку слезени од шумата, по пустите голомразни улици на таа есен, кои во вечерите се исполнуваа со митинзите, баклјадите и демонстрациите, а во другото време оној се шетал низ тие улици и ретко кога излегувал без својата охрана, без тие добри, наивни борци, ослободители, со долги коси одзади, со реденици, оние што се фотографираа сосе шмајзери по црвоточните фотографски работилници, а нивните фотографии мрзнеа по излозите, избоени со мастилави бои, вплетени во некакви срца, или излепени на џепните огледалца, оние сѐ уште со крпени петокраки на капите, што имаа најразлични и најнеобични форми, оние со изрезбарените петокраки на кундаците и со толку решки во дрвото, колку непријатели секој од нив убил, едно одделение такви борци, поредени од сите негови страни, а тој во средината, натегнат и голем, плештест и црвен во вратот, широк и мирен во чекорот, со неколку пиштоли и слични тракатанци, додека луѓето наизлегувале на прозорците и тоа да го видат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Инаку ќе нѐ оплеват и ќе нѐ остават голи како пиштоли.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Командантот Планински извади голем пиштол и испука во небо.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Повеќе