планиран прид.

планиран (прид.)

Снимањето не беше планирано во вообичаена смисла.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Нашите домови можат да се сметаат за мешавина на само-организирани и планирани компоненти: одредени предмети ќе заземат простор и ќе ја исполнат функцијата што ние намерно сме им ја доделиле, додека други ќе бидат наместени онаму каде што добро се вклопуваат во околината.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Очекуваат да поста­вам прашање, бездруго како моја планирана „провокација“.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Винстон, меѓутоа, во препишувањето ја спушти прогнозата на 57 милиони, за да може подоцна да се оправда вообичаеното тврдење дека планираната квота била натфрлена.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Беше планирано да излезат дванаесет души во партизани.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Сега, кога ќе појдам во собата, ќе ги побарам оние скици и цртежи, и ќе го уредам просторот со планираните патеки, со парчињата англиска трева, и со туите и кедрите што ќе се вишат до небото.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Па ги гледаме работниците, усилено работат на делот планиран за ревитализација во првата фаза.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Поради сѐ уште неповолното време во Крушево се одложени планираните акции за пошумување на терените, уредување и чистење.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Сѐ се случуваше така што беше планирано за Денот на пролетта - денови на екологијата, и уште симболично - Се раскрилуваме со пролетта.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Нивните духови тешко се вклопува во планираниот проект.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во „Емброс“ била објавена вест во која се кажувало дека атентаторите имале планирано да ги нападнат со бомби грчкиот конзулат, Грчката митрополија и грчката гимназија, но не успеале да го реализираат тој план.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Потопувањето на „Гвадалкивир“ било планирано да се изврши недалеку од брегот, со единствена цел - бродот да се уништи, но по можност да не настрада никој од патниците и од посадата.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
А во врска со последиците само ќе додадам дека човекот е такво суштество: со негодување ги дочекува настаните за кои знаел дека наскоро може да се случат, но ете, тие се поиграле со неговите предвидувања: пристигнале порано, иако можело да се случи да пристигнат и некој ден подоцна од планираното.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И толку! Значи не може да станува збор за некоја однапред набележана или планирана цел.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И во ателјето, заедно со сликите што ги беше оставил таму, почна да ги реди и платната што ги донесе, да ги реди и да ги прередува по сите ѕидови на ателјето, замислувајќи си го концептот по кој ќе бидат поставени на планираната голема изложба.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ема, која често ми се јавува и чиј глас многу ме куражи, ми кажува дека во весникот Време пишувало оти по смртта на Борко, планираната прослава по повод петгодишнината од изградбата на браната Долнец, немало да се одржи.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Во бродот Галеб беше планирано создавањето на Движењето на неврзаните земји на 18 јули 1958 година заедно со индискиот водач Нехру, со египетскиот претседател Гамал Абдел Насер.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
А доколку не беше покренат првичниот спор, оние работници кои тогаш беа планирани да бидат отпуштени како технолошки вишок, денеска ќе беа без работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Додека се обидував да го протолкувам реченото кое оставаше многу празнини, бели страници кои можеа да се исполнуваат со различна содржина, главно како претпоставки, а јас не бев склон на таков вид размислување и градење односи со луѓето околу мене, Ема се надвисна над бирото, поземајќи ја пепелницата и, свртувајќи се, повеќе несмасно отколку планирано (така ли беше?, не знам!), со врвот на цицката, потприбрана во тесната блуза со длабоко деколте, благо ми прошета по надлактицата од левата рака.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Се сети дека Татко, кога дојде на планираното поглавје за јаничарството во својата Историја на Балканот низ падовитtе на империите, не можејќи со години да го заврши овој дел, го напушти овој проект засекогаш.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК