плитко (прил.)

Diabetes millitus. Диета, инсулин, утеха. евтино измамништво да ме трогнат, тоа и ништо друго - фелер на човечките односи. Плитко.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Вилиците му штракаат и дишењето му е тночко, плитко, разредено.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Многу си плитко посаден, вели Мисајле Ковачот, затоа сѐ ти се ниша.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дедо ме гледа одозгора: со некои плитки очи ме гледа, наплитко сум му застаната.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од тие дрвја се одбивале секирите на дрварите и се кршело железото, од плитко засечената кора се цедел сок по густина и бледомедена боја сличен на коскена срцевина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Откај брегот ни се виде плитко, но набргу загазивме до појас.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Дамна низ животот Минав Сега сум знак На она што бев Плитко изрежан грев Врз парче Сушена Глина.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Веројатно бев збунет. Она што ќе повтев да го речам ми се чинеше плитко и нејасно.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сѐ е плитко. Ништо не чувствувам. Ниту болка, ниту срам, ниту јад.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Оставаше впечаток на циник кој размислува плитко, но кој не избрзува со своите решенија.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)